Background

Се затвора „златниот прозорец“ за спас на затрупаните жртви

Светската програма за храна започна со дистрибуција на помош во Мјанмар по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што ја погоди земјата во петокот. Властите досега потврдија 1.700 загинати, но спасувачките операции сè уште се во тек, тимовите и натаму извлегуваат тела од под урнатините. Над 3.400 луѓе повредени, над 300 се водат за исчезнати, а причинета е огромна материјална штета.

Првите 72 часа по земјотресот нашироко се сметаат за „златен прозорец“ за допир до жртвите, закопани живи под урнатините – по тој период шансите за преживување без извор на вода бргу се намалуваат, објави Си-Ен-Ен.

Покрај штетите од земјотресот, напорите на спасувачките тимови се комплицирани и од крвавата граѓанска војна што го зафати поголемиот дел од Мјанмар, вклучително и во областите, погодени од земјотресот. Владините сили во 2021 година ја загубија контролата врз поголемиот дел од земјата, а многу места се опасни или невозможни за пристап на хуманитарните групи. Според Обединетите нации, повеќе од 3 милиони луѓе се раселени поради борбите, а речиси 20 милиони имаат потреба од помош.

- Advertisement -
Ad image

Помош најави и претседателот на САД, Доналд Трамп. Земјотерсот во Мјанмар е првиот голем тест за одговор во неговиот втор мандат по кратењата на странска помош на неговата администрација преку американската Агенција за меѓународен развој и Стејт департментот. Директорот на Светската програма за храна, Мајкл Данфорд, најави дека се водат преговори со владата во Вашингтон и изрази оптимизам дека ќе дојде до ново финансирање на Програмата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation