Background

СЕ ВЕНЧАЛЕ ПРЕД 3 МЕСЕЦИ, ЗАГИНАА ВО KAНАЛ ВО ВЕНЕЦИЈА

Се венчале пред само три месеци и го очекувале своето прво дете, а едно утринско излегување со брод завршило трагично. Италијанецот Шон Микиели (25) и Бразилката Габриел Кверино (26) загинале по судир со водно такси во Венецијанската лагуна.

Телото на Бразилката Габриел е пронајдено по тридневна потрага во близина на островот Кампалто, околу два километра од местото на несреќата. Со денови ја барале нуркачи, пожарникари, карабинери и хеликоптери, а во водата претходно биле пронајдени нејзината чанта, документите и личните работи.

Двојката тргнала од Бурано околу 5 часот наутро. Микиели работел како рибар, сопругата често го придружувала, а тоа утро тргнале да земат мамка за риболов.

- Advertisement -
Ad image

Околу половина час подоцна нивниот мал брод се судрил со водно такси во каналот Тесера, кој ја поврзува Венеција со подрачјето на аеродромот „Марко Поло“.

Микиели бил извлечен со тешка повреда на главата и итно опериран во болница во Местре. Лекарите не успеале да го спасат, додека неговата сопруга по судирот исчезнала во лагуната.

– За жал, телото на Габриел Кверино беше пронајдено во лагуната. Ова откритие става крај на последната надеж – изјавила Симоне Вентурини од градските власти во Венеција.

Италијанското обвинителство отворило истрага за смртта на младенците, а 38-годишниот возач на водното такси е под истрага. Тој им кажал на истражителите дека пред судирот не го видел малиот брод.

Сега се проверува брзината на водното такси, употребата на светлата и можните грешки при маневрирањето. На делот од каналот каде што се случила несреќата нема камери што го снимиле судирот.

Истражителите бараат и двајца американски туристи кои биле во водното такси и би можеле да бидат важни сведоци. Обвинителството наредило обдукција на двете жртви.

Кверино била од Рибеирао Прето во Бразил и околу 2 години живеела во Италија. Со Микиели се венчале на граѓанска церемонија во Венеција во јуни.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation