Пред Клиничкиот центар на Црна Гора вечерва се собраани многу роднини и пријатели на ранетите во масакрот во Цетиње. Сè уште не е познат точниот број на жртви во ова страшно злосторство. Дел од медиумите објавуваат дека се убиени 11 лица.
Четворица ранети сè уште во операциските сали.
– Во последните два часа во клиничкиот центар се донесени четворица пациенти, од кои една е жена, а тројца се мажи. Кај сите пациенти повредите се многу сериозни и опасни по животот. Кај еден пациент има повреди на главата, градниот кош и абдоменот. Кај двајца пациенти имаме повреди на абдоменот, а кај еден пациент повреда на градниот кош и на абдоменот – изјавил дежурниот лекар за медиумите.
Тој додаде дека се мобилизирани сите лекари.
– Како и дежурниот практикант, се јавија и другите колеги. Ангажирана е целата екипа, сега работат сите 4 операциски сали, неврохирургот, васкуларниот хирург и уролозите се вклучени, па во моментов не би можел да коментирам за исходот од операците – додаде лекарот.