Background

Се самоуби рускиот државјанин осомничен за тројно убиство во Црна Гора

Рускиот државјанин Михаил Шабунин (30), осомничен дека вчера на стрелиштето „Чешка збројовка“ кај Страхињиќи, во близина на Даниловград, уби тројца вработени, е пронајден во текот на ноќта во шума над Херцег Нови, каде што, според црногорската полиција, се самоуби откако отвори оган кон полицајците.Шабунин е лоциран околу 3:35 часот во шума над населбата Топла од припадници на Специјалната и Посебната единица на полицијата, Регионалниот центар за безбедност „Југ“ и граничната полиција. Во потрагата беше ангажиран и хеликоптер на Војската на Црна Гора.

Од црногорската полиција соопштија дека осомничениот, откако бил опколен и се нашол во безизлезна ситуација, пукал кон полициските службеници, а потоа извршил самоубиство со огнено оружје.

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Шарановиќ, објави дека со тоа е ставена под контрола кризата во Херцег Нови.

- Advertisement -
Ad image

Истрагата продолжува во соработка со Вишото државно обвинителство во Подгорица, а надлежните утврдуваат што го предизвикало нападот и кој бил мотивот за тројното убиство.

Шабунин е осомничен дека вчера околу 16:45 часот во стрелиштето „Чешка збројовка“ со огнено оружје ги убил Петар Глобаревиќ (24) од Подгорица, Момир Радоњиќ (67) од Даниловград и Немања Капор (20) од Подгорица.

Сите тројца беа вработени во стрелиштето. Нивните тела ги пронајде сопственикот на објектот, кој веднаш ја извести полицијата.

Според првичните информации, жртвите во моментот на нападот биле ненаоружани и немале можност да се одбранат.

Директорот на полицијата Лазар Шќепановиќ изјави дека Шабунин пред нападот вежбал пукање на стрелиштето, по што влегол во објектот и отворил оган кон вработените. Според досегашните информации, осомничениот претходно повеќепати го посетувал стрелиштето, а во Црна Гора престојувал и во минатото.

Истрагата треба да утврди дали оружјето со кое бил извршен нападот било изнајмено од самото стрелиште.

По нападот, Шабунин, според сомнежите на полицијата, украл автомобил „сеат кордоба“, сопственост на таткото на еден од убиените. Со возилото се упатил кон Подгорица, каде што го оставил автомобилот на ливада во областа Врањски Њиви. Потоа, според досегашните сознанија, продолжил со такси кон Херцег Нови.

Црногорската полиција во текот на вечерта го стесни подрачјето во кое се движеше осомничениот и во потрагата беа ангажирани големи полициски сили, вклучително и припадници на специјалните единици.

На граѓаните во Херцег Нови им беше препорачано да останат во своите домови и веднаш да ја известат полицијата доколку забележат нешто сомнително, бидејќи осомничениот се сметаше за вооружен и опасен.

По настанот бил засилен и надзорот на граничните премини и аеродромите.

Црногорската Влада прогласи 1 и 2 септември за денови на жалост поради трагедијата, а почетокот на учебната година во Даниловград е одложен за 3 септември.

Истрагата продолжува, а полицијата и обвинителството работат на целосно расветлување на случајот и утврдување на мотивот за нападот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation