Background

СЕ РАБОТАТ ПРОЕКТИ ВО ВРЕДНОСТ МЕЃУ 6 И 7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Во четврток ќе направиме анализа на сите проекти што се започнати, што се во фаза на реализација или што наскоро треба да започнат, станува збор за бројка меѓу шест и седум милијарди евра, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за досега завршените стратешки проекти на Владата, но и оние што се во тек, а се во насока на подобрување на економскиот стандард.

Мицкоски по отворањето на новиот базен во Карпош рече дека тоа се проекти што Владата ги започнала или се во напредна фаза на реализација.

– Наскоро ќе излеземе со грантограм на активности и со реализирање на овие проекти. Овој инвестициски циклус е навистина голем и обемен и очекувам значително да придонесе за растот на бруто-домашниот производ во кварталите што следат – рече Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Тој се осврна и на економските показатели, при што посочи дека заклучно со првиот квартал од 2026 година, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на вработени изнесува нешто повеќе од 708.000 лица.

– Ако се направи споредба со вториот квартал од 2024 година, кога оваа Влада беше избрана, ќе се види дека тогаш бројот на вработени изнесувал околу 691.000. Со едноставна математичка пресметка се доаѓа до разлика од околу 17.000 нови работни места. Тоа е бројка и тоа е факт. Некој може да ја оспорува или да се исмева, но тоа е бројка што е факт – рече Мицкоски.

Во однос на БДП, додаде тој, сите индикатори за првиот квартал велат дека во услови на светска енергетска криза ќе имаме солиден раст.

– Очекувам реалниот раст на БДП да се движи меѓу 3 и 3,5 проценти. Номиналниот раст би можел да биде два до два и пол пати поголем од тоа. Но, да ги почекаме официјалните податоци од Државниот завод за статистика. Повторно ова што сега ќе го кажам можеби некој на социјалните медиуми ќе го исмева, но како и да е сега ќе бидеме не во првите пет, туку во првите три во Европа, како процент од БДП – изјави премиерот Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation