Повеќе од 200 општини ги имаат склучено договорите со кои треба да добијат финансиски средства за реализација на инфраструктурни проекти, а само два ќе треба повторно да се објават поради технички проблеми, изјави денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински.
– Задоволни сме од работењето на локалните самоуправи поради тоа што повеќе од 200 од вкупно 288 проекти што се контрактираа за да добијат средства од централниот Буџет, веќе се склучени договорите и ќе влезат во фаза на изведба. Само два од овие 288 договори ќе треба повторно да се објават поради технички проблеми во јавните набавки. Очекуваме со подобрување на временските услови, градежна и екoномска експанзија на целата територија – рече Перински пред вториот консултативен состанок за Предлог-измените на Законот за локална самоуправа што се одржува во Штип.
Новиот повик се очекува да биде објавен во почетокот на февруари, а претходно во последната недела од јануари да помине на владина седница.
Tagged as:
Се очекува градежна и екoномска експанзија во целата земја
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
