СЕ НАЅИРА ЛИ КРАЈОТ НА ТЕКСТИЛНАТА ЕРА ВО МАКЕДОНИЈА?

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Растот на платите и високите цени на производите ќе ѝ пресудат на текстилната индустрија која со сите сили се обидува да ги задржи странските партнери кои последните години сѐ помалку ѝ даваат работа, а производството го селат во земјите од Далечниот Исток со евтино производство, велат бизнисмени од оваа индустрија.

Тие предвидуваат до крајот на годината дополнително да се затворат некои од компаниите, а бројот на работници да се намали.

– Вкупно 75% од трошоците на текстилните компании се за плати кои веќе нема од каде да ги обезбедиме. Работа имаме сѐ помалку, а нема ниту од што да се штеди. Секое посегање по зголемување на цената на производот е ризично странските партнери, нема да ни го простат. Ќе ги откажат нарачките. Во вакви услови не сме во состојба да обезбедиме работа за оние работници што ни останаа, ниту пак да им исплаќаме плати – вели Ангел Димитров од конфекцијата „Мода“ од Свети Николе.

Тој очекува во наредниот период кризата во текстилниот сектор да се продлабочи бидејќи нема работа.

– Компаниите и сега немаат работа, бидејќи странците масовното производство го преселија на Далечниот Исток. Нам ни даваат само ситни работи и очекуваат и тоа производство да биде евтино. Помалите компании веќе затворија. Дел сменија дејност, а оние што останаа се обидуваат да направат сопствено производство кое е тешко може да се пробие и пласира надвор од земјава поради силната конкуренција. Дома не може да се продаде бидејќи увезуваме евтина текстилна стока, а сè уште имаме и увоз во „црни вреќи“. Според тоа може да се очекува дополнително намалување на бројот на работници од 25.000 вработени на колку се сведе оваа индустрија во изминатиот период да се намали на 20.000 работници – вели Димитров.

Излез од состојбата, вели сепак, има ако заживее германската економија и зголемување на потрошувачката таму, бидејќи тешко од овие компании кои досега работеле лон дека некоја ќе успее да изгради светски познат бренд.

– Ако тоа не се случи текстилните компании ќе се пренасочат кон други дејности каде што се прави профит. Тоа се случи и порано со големите текстилни комбинати, а ќе се случи и сега, а вработените, оние кои нема да се пензионираат ќе треба да бараат нова работа, а дали ќе ја најдат е прашање бидејќи најголем дел од нив се повозрасни. Нивниот статус ќе биде доведен во прашање и тоа е една од најголемите опасности за семејствата кои со години, а и денес егзистираат од оваа индустриска гранка – вели Димитров.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика во првите четири месеци од годинава, споредено со истиот период лани извозот од текстилниот сектор се намалил за 13,2%

Во оваа индустрија бројот на работници во април на годишно ниво за намалил за 10%. Некогаш во текстилот работеа 60.000 работници, а сега нивната бројка изнесува 25.000.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article