Се доработува Законот за средно образование

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со Предлог-законот за средно образование кој на крајот на годината беше повлечен, потенцираше дека постојат неколку членови кои треба да се доработат. Очекува тој да биде готов меѓу 20 и 25 овој месец и потоа да биде вратен во Собранието.

– Знаете дека секогаш може подобро. Имаме неколку членови кои сметаме дека треба да ги доработиме и очекувам Законот да биде готов меѓу 20 и 25 овој месец и тогаш и ќе го вратиме во Собранието. Во овој момент разговараме со нашите коалициски партнери – рече Јаневска на денешната прес-конференција.

Таа потенцираше дека нема да дозволат политиката да ги запре процесите во образованието.

– Во оваа држава никој никому не може да му забрани да ја слуша, интонира и пее химната на оние што сакаат. Јас искрено се надевам дека во некои идни времиња, сите ќе се почувствуваме како граѓани на една единствена држава, и сите ќе ги почитуваме симболите на нашата заедничка држава и дека тоа нема да биде проблем – додаде министерката.

Предлог-законот за средно образование беше повлечен од Собранието кон крајот на годината, поради амандмани од ДУИ и нивно противење на една од одредбите со која се предвидува интонирање на државната химна во училиштата.
Како што информираше министерката, при крај е и новиот Закон за високо образование, што го работи работната група формирана во новото национално координативно тело за реформи во високото образование.

– Мислам дека новиот Закон за високо образование и Законот за научни установи вака како што го работат моите колеги, навистина ќе даде голем придонес за подобрување на квалитетот на високото образование – рече Јаневска.

Како што дополни, при крај е и Законот за ученичкиот и студентски стандард, кој го работеше работна група од Миистерството за образование и наука заедно со студентите. Појасни дека до јуни и овој Закон ќе биде донесен.

На новинарско прашање дали ќе има покачување на средствата за студентскиот оброк, Јаневска одговори дека во овој момент имаат обезбедено средства за покачување на студентскиот оброк од 140 на 160 денари.

– Овие средства се обезбедени во буџетот. Треба уште еднаш да се сретнеме со студентите за да одлучиме дали ќе го зголемиме опсегот. Мислам дека во тој правец се оди, на зголемување на опсегот но во рамките на обезбедените средства – рече Јаневска.

- Advertisement -
Ad image

Прашана за ваучери за електронските уреди, Јаневска потенцираше дека електронските уреди нема да одат како ингеренција на Министерството за образование и наука, тие ќе бидат под ингеренции на Министерството за економија и труд.

Share This Article