Background

СДСМ: Власта задоцни и со превенцијата од западно-нилска треска – повторно го стави здравјето на граѓаните во ризик

Власта задоцни и со превенцијата од западно-нилска треска – повторно го стави здравјето на граѓаните во ризик.
По труењето со вода и здравствената криза во Гостивар, сега нова криза со епидемија од западно- нилска треска.
Сега повторно, како и во Гостивар, здравствените институции на Мицкоски и ВМРО закаснија со реакцијата.
Западно-нилската треска не е нова болест. Комарците не се појавија вчера, климатските услови не се појавија вчера, а ризикот од вектор-преносливи болести не е непознат.
Новата криза со епидемија од западно-нилската треска потврди дека власта на Мицкоски задоцнето реагира. Нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира.
Ова веќе е прашање на владина неспособност и институционална неодговорност.
Не функционира системот за превенција, заштита и контрола на вектор-преносливи болести.
Имаме 26 регистрирани случаи со западно-нилска треска, 24 потврдени, еден починат и пет пациенти на механичка вентилација.
И наместо Владата да даде одговор како дошло до оваа зараза, зошто не се презеле мерки, јавноста повторно добива уверувања дека институциите „преземаат мерки“.
Допрва? А досега зошто не беа преземени?
Каде беше Владата пред епидемијата? Зошто не се преземени превентивни мерки?
Или власта повторно чекаше заразата да се прошири за да почне да реагира?
Никој не кажува дали воопшто е направен навремен мониторинг на популацијата на комарци и присуството на западно-нилскиот вирус?
Не станува овде збор само за прскање од комарци туку за сериозни здравствени мерки и системска интервенција.
Државата има институции за здравство, ветеринарство, животна средина и управување со кризи.
Потребен беше само функционален систем што ќе ги поврзе сите овие институции пред да дојде до епидемија – систем кој Мицкоски не знае да го воспостави.
Институтот за јавно здравје има систем за надзор. Општините имаат обврски за дезинсекција.
Граѓаните веќе знаат – оваа Влада реагира реактивно, кога проблемот ќе ескалира, кога веќе има пациенти и заразени.
Тоа е кризно гасење пожар и задоцнета реакција.
Зошто се прогласи епидемија само во неколку општини а не во целиот град? Како ќе се прави разграничувањето кога Скопје е поврзан град?
Никој од власта не кажува дали е спроведен ентомолошкиот мониторинг, тестирањето на комарците, дали има национална карта на ризик?
Дали е направена мапа на местата за размножување, мониторинг на густината на комарците?
Дали е направена проценка на ефектот од прскањето и поврзување на здравствените, климатските и ветеринарните податоци?
Ништо од ова не се знае во јавноста.
Ако овие механизми не функционираат интегрирано, тогаш државата не управува со епидемијата – туку само реагира на нејзините последици.
Доста беше играње со здравјето на луѓето.
СДСМ бара веднаш:
-Формирање Национален оперативен штаб со јасна одговорност.
-Национална GIS карта на епидемијата и ризикот. Интензивен ентомолошки надзор.
-Тестирање на комарци за западно-нилски вирус. Мапирање и уништување на местата за размножување. Интегрирана контрола на векторите.
-Јавен дневен извештај за состојбата и проценка на ризикот во цела држава.
Справување со епидемија не е прскање против комарци и прес-конференција.
Мора да има силен системски одговор со сет на мерки и активности.
Државата мора да го заштити здравјето на граѓаните.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation