Background

СДСМ – Одговор на прашањето на ВМРО дали се зборувало во Барселона за ТИСА: Мицкоски и ВМРО се на погрешната страна на историјата – ПЕС го потврди тоа во Барселона

Одговор на прашањето на ВМРО дали се зборувало во Барселона за ТИСА:
Мицкоски и ВМРО се на погрешната страна на историјата – ПЕС го потврди тоа во Барселона
Во рамки на ПЕС е разговарано за вашата сестринска партија Фидес и големиот пријател на вашиот претседател Мицкоски – Виктор Орбан.
Сите учесници заклучија дека автократските режими кои се длабоко заглавени во криминал и корупција завршуваат.
Затоа беше толку убедлива победата на ТИСА над Фидес.
Дури и меѓу првите им честиташе домаќинот на конгресот во Барселона, шпанскиот премиер и претседател на партијата PSOE – Педро Санчес.
Ова не беше прашање на идеологија.
Иако Тиса е центар-десна, либерална опција од десниот правец, тоа воопшто не се доведуваше во прашање.
Победата беше победа на Европа над автократска Русија, победа на народот над корумпираниот систем и победа на слободата над диктатурата.
Иако во ВМРО никој не разликува центар-десно од десница и Тиса ја нарекуваат „сестринска партија“ само затоа што е членка на ЕПП, таа „сестринска љубов“ ќе ја видиме многу брзо кога ќе почнат истрагите против нивниот „брат“ Орбан и неговите медиуми, како и за пласирањето на кинеските кредити во Македонија.
Едни од главните теми на панелот на којшто учествуваше проф. д-р Венко Филипче беа токму Орбановите медиуми и нивното влијание во Македонија.
Панелистите изразија сериозна загриженост за поврзаноста на владата во Скопје со Орбан, Вучиќ и длабоките врски на најблиските соработници на Мицкоски со Русија.
Јасно се гледаат влијанијата на автократијата во Македонија.
Целата медиумска мрежа која опфаќа 40 % од вкупното медиумско небо во Македонија е во сопственост на Орбан и е
ставена на располагање на ВМРО-ОКГ и Мицкоски.
Заклучокот беше јасен: новиот унгарски премиер најавува дека брзо ќе се спроведат истрагите за поврзаноста Орбан–Додик–Вучиќ–Мицкоски.
На оваа тема претставниците на партиите од регионот целосно се согласија и заклучија дека регионот не може да биде руски, туку целта на сите мора да биде Европа.
СДСМ останува цврсто на страната на Европа, на страната на слободата и на страната на граѓаните.
Мицкоски и ВМРО можат уште малку да се потпираат на Орбановата машинерија, но и на неа ѝ се гледа крајот. За почеток, таа мрежа беше блокирана за неплатени 100.000 евра уште наредниот ден по изборите.
Почна процесот на распаѓање на криминалната организација.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation