Background

СДСМ: Непотизам-братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО

Непотизам-братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО.
Наместо сервис за граѓаните ВМРО и Мицкоски институциите ги претворија во приватна партиска фирма за вдомување на роднини, блиски и партиски кадри.
Скандалот со унапредувањето на братот на Трајко Славески, од чувар во член на Управен одбор на Акционерското друштво за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ, е шокантен пример за тоа.
Уште поскандалозно е што ова унапредување се случило уште во март 2025 година, а јавноста за него дозна дури пред неколку дена, кога членовите на Управниот одбор кои го спровеле незаконското унапредување добија кривична пријава.
Управниот одбор на М-НАВ незаконски го унапредил Сашо Славески од работно место обезбедувач на имот на позицијата „помошник за обука и координација во Одделение за воздухопловни информации – AIS во Сектор за воздухопловна навигација“.
Со тоа платата двојно му се зголемила, од 50.000 на околу 100.000 денари. Значи, за само 14 месеци незаконски му биле исплатени повеќе од 7.000 евра на штета на М-НАВ.
Само во ВМРО човек кој работел како чувар во М-НАВ станува член на Управниот одбор на институција задолжена за безбедноста на македонското небо.
Нема ситем, нема критериуми е избран, квалификации, искуство. Ништо.
Единствениот критериум е тоа што е брат на Трајко Славевски и близок до ВМРО.
Така М-НАВ наместо за безбедност на македонското небо е претворено во партиски комитет на ВМРО.
Криминалната организација ВМРО е симбол на непотизам, партизирани вработувања и злоупотреби на институциите.
Видовме бројни примери изминативе години на домување на браќа, сестри, роднини, партиски активисти.
Затоа младите се иселуваат од државата затоа што гледаат дека тука знаењето не се цени, системот функционира само за партиски подобните.
Затоа ВМРО не сака во Европската Унија – затоа што тоа значи владеење на правото, професионални институции и мерит-систем

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation