Background

СДСМ: Над 250 дечиња со попреченост Јаневска ги остави без образовни асистенти

Над 250 дечиња со попреченост Јаневска ги остави без образовни асистенти.
Хаосот што Мицкоски и Јаневска го создадоа во образованието продолжува секоја учебна година.
Над 3.000 првачиња помалку, 26 затворени училишта, 433 паралелки помалку.
Нема сегмент во образованието каде што не е хаос.
И децата со попреченост останаа без потребната поддршка од образовен асистент.
Околу 250 деца од кои најголем број првачиња на 1-ви септември се без образовните асистенти што им се потребни.
За нив и за нивните родители, првиот училишен ден не беше ден на радост, туку ден на страв, разочарување и неизвесност.
Ова е само уште еден доказ за неспособноста на оваа власт да се грижи и да вложува во она што е најважно за иднината на една држава – образованието.
И ова не е првпат.
Трета година по ред, министерката Весна Јаневска дозволува учебната година да започне без навремено обезбедена образовна поддршка за децата со попреченост.
Образовниот асистент е неопходна поддршка за децата со попреченост – поддршка што им овозможува да ја следат наставата, да учествуваат во училишниот процес и да ги остваруваат своите права рамноправно со другите деца.
Кога таа поддршка ја нема последиците директно ги чувствуваат и децата и нивните семејства.
Јаневска треба да одговори зошто ги остави децата со попреченост без образовни асистенти?
Училиштата ги доставиле барањата за образовна асистенција за првачињата уште до 30 јуни, по завршувањето на уписите.
Што направи Министерството за образование со тие барања?
Зашто ако постапката за вработување трае повеќе од 20 дена, тогаш е јасно дека и со започнување на постапката сега, дел од овие деца реално би добиле образовен асистент дури по 20 септември.
Што треба да прават овие деца до тогаш? Да не одат на училиште? Да чекаат власта да заврши со своите административни процедури?
Министерке, децата не се само бројка во табела.
Тие имаат право на образование, право на еднакви можности и право на поддршка согласно нивните индивидуални потреби.
Инклузијата не смее да биде само збор во стратегии и документи. Таа мора да биде реалност во секоја училница.
А денес реалноста е дека деца со попреченост се оставаат без поддршка уште на првиот ден од учебната година.
СДСМ бара итно да се решат проблемот и ниту едно дете со попреченост да не остане без потребната образовна поддршка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation