СДСМ: Мицкоски со лаги дојде на власт и со лаги владее
Христијан Мицкоски со лаги дојде на власт и продолжува да ги лаже граѓаните.
Лаже буквално за сè.
Последната лага е дека сите точки од реформската агенда ќе ги заврши до 1 јуни.
Мицкоски ги излажа граѓаните, денеска е 1 јуни, не се исполнети сите точки од Реформската агенда.
Лажеше дека ќе го врати името и дека ќе го укине Преспанскиот договор. Сега самиот го нарекува ремек-дело на дипломатијата.
Лажеше за НАТО – сега Тимчо Муцунски вели дека е „феноменална работа“.
Лажеше дека македонскиот идетнитет, јазик и култура се загрозени. Сега Гордана Сиљановска призна дека се апсолвирани и заштитени.
Лажеше дека ќе обезбеди подобри преговарачки услови, подобра преговарачка рамка.
Лажеше дека ќе обезбеди поголеми странски инвестиции и подобар животен стандард. Странските инвестициите паднаа за 60% а граѓаните живеат полошо.
Лажеше дека како советник на Никола Груевски работел про-боно.
Излажа кога вети дека ќе се повлече од политиката ако се потврди поврзаност на агенцијата за обезбедување во Кочани со ВМРО.
Лажеше и за Никола Груевски, цело време знаел дека има унгарско државјанство, свесн ги лажел граѓаните и намерно не ги испраќал документите за екстрадиција во Унгарија.
Граѓаните повеќе не веруваат на неговите лаги.
Доста е со лаги!
Реформи сега!
Европа сега!