Background

СДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг – СДСМ ги разобличува нивните лаги

Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг – СДСМ ги разобличува нивните лаги❗
📄 Откако СДСМ јавно го објави документот за ново задолжување на граѓаните од 1,3 милијарди евра, владата се обидува да се оправдаат со нови лаги и манипулации.
❗ СДСМ повторно ги разобличува нивните лаги.
1️⃣ Според објавените податоци на Министерството за финансии, во јавниот долг заклучно со јуни 2026 година не е вкалкулиран новиот долг од 350 милиони евра на ЈП за државни патишта (ЈПДП).
⚠️ Значи Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг.
⚖️ Но очигледно Кочовска го крши и Законот за јавен долг во кој стои дека во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата.
💶 Долгот за ЈПДП е сокриен и не постои во последната табела за јуни оваа година бидејќи со него веќе долгот би бил над 11 милијарди евра.
📊 Значи со фингирани табели мафта Кочовска.
🚨 Позадината на сето ова е во подмолната операција која ја смислија криминалната организација со одлуката ЈПДП директно да се задолжува. Тоа имаше за цел шверцерски да го намалат дефицитот во буџетот.
💸 Но бидејќи пари во Буџетот нема сега сакаат да го фингираат и јавниот долг.
⚖️ Ова веќе не е прашање на политичко толкување, туку прашање на законитост, точност и кредибилитет на официјалните финансиски податоци на државата.
2️⃣ Обидувајќи се да се оправда за зголемувањето на долговите на 12 милијарди евра, односно 65% од БДП, Кочовска влета во нова лага.
❓ Ако задолжувањето од 1,3 милијарди евра било планирано за 2027 година зошто одлучувале на седница на Влада 5 месеци порано и 4 месеци пред крајот на тековната година?
❗ Вистината е сосема спротивна.
💸 Вистината е дека владата на Мицкоски нема пари во буџетот и може да ја затвори ниту оваа фискална година без ново задолжување.
⚠️ Вистината е дека се преговара и за нови долгови со некои кредитори.
📈 Вистината е дека до крајот на годината ќе мора да има ново поголемо надворешно задолжување и тоа ќе биде екстремно скапо со вонредно висока камата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation