Два танкери со саудиска нафта наменета за Кина и Индија го сменија курсот во Црвеното Море откако јеменските Хути, сојузници на Иран, се заканија дека ќе напаѓаат бродови што превезуваат саудиска нафта, отворајќи ново жариште во конфликтот меѓу САД и Иран.
Според податоците на службите за следење на пловидбата, танкерите по натоварувањето нафта во саудиското пристаниште Јанбу на Црвеното Море, наместо кон теснината Баб ел Мандеб и Индискиот Океан се упатиле кон Суецкиот Канал.
Хутите, кои контролираат голем дел од северен и западен Јемен вклучително и крајбрежјето на влезот во Црвеното Море, во понеделникот прогласија поморска блокада на Саудиска Арабија. Во писмо до бродските компании тие се заканија со напади врз сите пловни објекти што ќе товарат или истовараат саудиска нафта.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека Хутите засега не ја затвориле теснината Баб ел Мандеб што го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив, но предупреди дека САД ќе интервенираат доколку тоа се случи.
„Засега тоа не се случи. Ако се случи нешто такво, ние ќе се погрижиме за тоа“, изјави Трамп.
Во меѓувреме, британската поморска безбедносна агенција соопшти дека танкер во Ормуската Теснина бил погоден со проектил, по што екипажот го напуштил бродот и се префрлил во чамци за спасување.
Поради нарушувањата во поморскиот сообраќај, цените на нафтата пораснаа за повеќе од два проценти, при што цената на барелот „Брент“ надмина 91 долар.
Tagged as:
Саудиските танкери за Кина и Индија не можат да поминат
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
