Сашо Наумоски во „Бизнис-клуб” кажува како да се надминат

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во изминативе 35 години постојано сме имале големи предизвици, постојано нѐ следеле големи војни, кризи, поранешна Југославија, ембарга. Сите тие работи Македонија успешно ги пребродила и со тоа стекнала имунитет: имаме некоја предност во однос на другите земји. Ние земјите од Балканот можеме да работиме и во такви времиња. Се одржаа бизнис-релациите без разлика на војните на Балканот. Имаше соработка и меѓу босански и меѓу хрватски и меѓу српски компании. За време на конфликтот во Западна Македонија македонските компании не престанаа да работаат. Веројатно тоа ни даде и поголем поттик, поголема соработка меѓу нас и поголема кохезија во бизнисот меѓу компаниите.

Ова го изјави  Сашо Наумоски, генерален извршен директор на „Витаминка” Прилеп, компанија со нагласено чувство за општествена одговорност, во новата епизода на поткастот „Бизнис-клуб” во разговорот со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески за жилавоста и одржливоста на бизнисот и неговата улога како мост на соработка која ги премостува бариерите на кризните состојби.

Во разговорот со Сашо Наумоски се изнесуваат факти во врска со трите проблеми што денес влијаат врз македонската економија: недостигот од работна сила, падот на ликвидноста и корупцијата. Според него, иако во моментов во „Витаминка” нема проблем со работната сила, при огласување слободно работно место проблемот индиректно се чувствува, бидејќи станува збор за редуцирана бројка за избор на лица кои аплицирале на огласот, што го отежнува вистинскиот избор на кадарот. Тие се првата компанија во Прилеп која се вклучи во процесот на дуално образвание, а тројца ученици од првата генерација потпишале договор за работа во компанијата „Витаминка”.

– Моментално најголем проблем е работната сила. Тоа е број еден и единствен најголем проблем. Вториот е падот на ликвидноста на компаниите во Македонија (важна измена на Законот за ДДВ, особено за увоз на нови машини и опрема), како и корупцијата”, потенцираше Наумоски.

Според него, неминовно е Владата да размислува за децентрализација и за преместување на министерствата во внатрешноста, затоа што така ќе дојде до растоварување на централната власт од главниот град, ќе дојде до растоварување на приливот на работната сила која оди да работи во јавната администрација и до зајакнување на бизнисите во градовите, а со тоа и државата би имала повеќекратна придобивка.

На прашањето за соработката на македонскиот бизнис истакнува дека не постои поделба во македонскиот бизнис, бидејќи кога е во прашање интересот, соработката е како што ја имаат Американците.

– Единствено во што сме подобри од Американците е тоа што ние и по завршување на соработката ги продолжуваме и ги одржуваме релациите – истакнува Наумоски.

Во новата емисија на поткастот „Бизнис-клуб” Сашо Наумоски зборува за своите почетоци во бизнисот, но надвор од „Витаминка”, како фирмата го преживеала времето  на транзицијата, а прави разлика и како напредувала до денес.

– Во времето на транзицијата, кога настана процесот на приватизација, истовремено и губење на регионалните традиционални пазари во Хрватска и во Босна, ‘Витаминка’ ги премина тешките премрежија со 340 вработени, со вкупен приход од 14 милиони марки, а годинава ја завршивме со 57 милиони евра вкупен приход и 670 вработени. Во 2006 година отворивме нова фабрика, а во 2018 година ја купивме фабриката ‘Брилијант’. Денес ‘Витаминка’ има и трета фабрика. Во 2020 година е купена уште една фабрика за производство на Косово – истакна Наумоски.

- Advertisement -
Ad image

Според него, сѐ зависи од тоа како ќе се справи менаџментот со проблемите и како ќе ја претвори секоја можност во успех. Секој производ мора да ја поминува фазата на подмладување за да биде во чекор со промените на пазарот. За стратегијата на работење на пазарите постои различен пристап и различна е стратегијата спрема домашниот и спрема странскиот пазар.

-Различни се работите и пристапот на пазарите. Домашниот пазар го имаме целосно: дистрибуција, логистика, транспорт сè е наше. Странските пазари ги работиме различно. Во Косово, Србија, Босна и Црна Гора работиме со еден извозник, партнер, додека, пак, во Хрватска работиме со 26 компании и со сите синџири на маркети (‘Лидл’, ‘ЕТЛ’). Во Бугарија имаме наша фирма и работиме директно. Со Грција работиме исто како и со Хрватска. Со Грција соработката од година во година расте од 20 до 30% – вели тој.

Share This Article