Background

Сали ја поздрави визијата на Марта Кос за постепена интеграција во ЕУ

Проширувањето повеќе не е само политички избор, туку геополитичка неопходност и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа, порача првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, во обраќањето на неформалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија, одржан во Даблин под ирското претседателство со Советот на ЕУ.

Тој нагласи дека Северна Македонија останува цврсто посветена на европската интеграција, спроведувањето на реформите и целосното усогласување со вредностите и политиките на Европската Унија.

Сесијата посветена на проширувањето, како што посочуваат од Министерството за европски прашња (МЕП), ги обедини министрите на земјите членки на ЕУ и претставниците на земјите кандидати и партнери, со цел да се разгледаат начините за забрзување на реформите и зајакнување на институционалните капацитети.

- Advertisement -
Ad image

Осврнувајќи се на искуството на земјата во пристапниот процес, Сали оцени дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација е еден од главните столбови на европската трансформација на државата, придонесувајќи за зајакнување на законодавството, економијата и администрацијата. Сепак, тој посочи дека главниот предизвик денес е ефективното спроведување на реформите, особено во владеењето на правото, судството, борбата против корупцијата и јавната администрација.

Сали ја поздрави визијата на еврокомесарката за проширување Марта Кос за поамбициозен модел на постепена интеграција, кој ќе им овозможи на земјите кандидати постепено вклучување во политиките, програмите и делови од Единствениот пазар на ЕУ пред членството. Тој нагласи дека постепената интеграција треба да ги забрза подготовките, да донесе конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите и да ја зајакне довербата во процесот, додека крајната цел останува полноправното членство во Европската Унија.

Во овој контекст, Сали повика на покоординирана поддршка од земјите членки преку директна експертска помош, TAIEX, Твининг и подолгорочно ангажирање европски експерти во домашните институции. Тој истакна дека пристапниот процес мора да остане правичен, предвидлив и заснован на заслуги, така што резултатите и тешките политички одлуки ќе бидат проследени со конкретен напредок.

– Северна Македонија ја избра Европа. Подготвени сме да го исполниме нашиот дел и очекуваме посветеноста, реформите и резултатите да бидат препознаени со напредок. Инвестирањето во нашите капацитети е инвестиција во идна земја членка и во посилна Европа – истакна Сали.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation