Background

САД во следните денови очекуваат понатамошни разговори со Иран и покрај неколкуте напади за време на прекинот на огнот,

САД во следните денови очекуваат понатамошни разговори со Иран и покрај неколкуте напади за време на прекинот на огнот, изјави синоќа за ДПА висок функционер на американската администрација.

– Ништо не е откажано – рече функционерот.

Техничките разговори за спроведување на меморандумот за разбирање и во наредните денови остануваат „на добар пат, како што е планирано“, рече функционерот, додавајќи дека каналите за олеснување на конфликтите се „во функција“ по самитот на езерото Луцерн.

- Advertisement -
Ad image

Извор изјави за ДПА дека САД и Иран привремено ќе ги прекинат меѓусебните напади и ќе продолжат со преговорите.

Бродовите ќе можат слободно да се движат низ Ормуската Теснина додека продолжуваат разговорите за спроведување на рамковниот договор.

Според американскиот портал Аксиос, двете страни планираат утре да се сретнат во главниот град на Катар, Доха, иако засега нема официјална потврда за оваа најава, пренесе германската агенција.

Разговорите првично требаше да се одржат во Швајцарија за да се разгледа иранската нуклеарна програма. Меѓутоа, поради неодамнешната ескалација, разговорите беа преместени и сега ќе се фокусираат на Ормуската Теснина, објави Аксиос.

Претходно минатата недела, САД извршија напади врз цели во Иран по нападите во Ормуската Теснина за кои Вашингтон го обвини Техеран. Нападите се заканија да го разгорат конфликтот, речиси две недели по потпишувањето на меморандумот за разбирање.

Американскиот државен секретар Марко Рубио кон средината на минатата недела ја истакна можноста за понатамошни разговори меѓу САД и Иран на техничко ниво и го спомена понеделник или вторник како можна временска рамка. Тој, исто така, рече дека очекува преговорите повторно да се одржат во Швајцарија.

Минатата недела, високи претставници на САД, Иран и државите посредници Пакистан и Катар се состанаа на разговори во луксузно одморалиште во близина на Луцерн, каде се согласија да формираат работни групи за прашања, вклучувајќи ги санкциите и иранската нуклеарна програма, како и контакт групи за Ормуската Теснина и прекинот на огнот во Либан, потсетува ДПА.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation