Background

САД мора да ја вратат контролата врз синџирите на снабдување со критични минерали за да ја заштитат својата енергетска, економска и национална безбедност

САД мора да ја вратат контролата врз синџирите на снабдување со критични минерали за да ја заштитат својата енергетска, економска и национална безбедност, потенцира Одри Робертсон, помошник-секретар на САД за енергетика и критични минерали. Во интервју, таа истакна дека американското Министерство за енергетика (DoE) вложува во рударството, преработката, технологијата и развојот на работната сила, со цел да ги обнови домашните капацитети кои во текот на изминатите три децении, како што додаде, се преселиле во странство.

– Ако не го контролираме нашиот синџир на снабдување, ние не ја контролираме ниту нашата иднина, а тука влегуваат енергетската, националната и економската безбедност. Нашиот фокус не е само на нови рудници, нови операции и нови бизниси, туку и на тоа какви иновации можеме да воведеме во однос на постоечките суровини – изјави Робертсон.

Според проценките на Министерството за енергетика, на САД ќе им бидат потребни околу 6.000 нови рударски инженери во следната деценија за развој и воспоставување на синџирот на снабдување. Покрај САД, сега и Европа врши обука на кадри за експлоатација на критични минерални суровини. Во Македонија пак, како што неодамна изјави универзитетскиот професор и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, Ѓорѓи Димов – иако интересот е намален кадри постојат.

- Advertisement -
Ad image

– Намален ни е интересот за учење во рударските и геолошки училишта или високообразовни институции коишто се бават со рударството, геологијата и заштитата на животната средина, меѓутоа сѐ уште постојат активни студиски програми и сѐ уште продуцираме рударски инженери, геолози и инженери за заштита на животна средина – истакна Димов.

Во меѓувреме, последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека бројот на работниците во август 2026 година, во однос на август 2025 година, во секторот „рударство и вадење камен“ се намалил за 8,0%. Ова се должи и на фактот дека во Македонија не е отворен нов рудник во изминатите четириесет години. Единствена сериозна најава останува проектот за ископ на бакар „Иловица-Штука“. Инвеститорот најави дека проектот би бил најголема гринфилд инвестиција во земјава, која ќе обезбеди над 500 директни и 2.700 индиректни вработувања, а предност во вработувањата ќе има локалното население. За функционирањето на проектот потребни би биле рударски инженери, машински и електро инженери, геолози, металурзи, геодети, техничари, економисти и правници во администрацијата, оператори на машини, монтери, механичари, електричари, заварувачи, хемичари, сметководители, магационери, чувари, возачи, медицински персонал итн.

Инаку, во текот на изминатата година, во САД дипломирале околу 160 рударски инженери, наспроти околу 3.000 во Кина – податок со кој помошникот-секретар Робертсон го илустрираше обемот на недостигот од стручен кадар со кој се соочува Вашингтон додека се обидува да го прошири домашното рударство и преработката на руди.

– Во изминатите 30 години го препуштавме управувањето со синџирот на снабдување на надворешни партнери, а со тоа изгубивме и една генерација на таленти и знаење. Располагаме со извонредни таленти на нашите универзитети и се надеваме дека, преку партнерство со одличните образовни институции низ земјата што го обезбедуваат ова образование, брзо ќе ја промениме таа состојба. Изгубивме цела генерација на работна сила во оваа област. За да ја вратиме таа работна сила, ќе бидат потребни решителни мерки и можности, а се надеваме дека оваа иницијатива ќе биде еден од многуте начини за поттикнување на растот – изјави Робертсон.

Таа додаде дека Министерството за енергетика работи да им прикаже на локалните заедници колку индустријата е променета и дека новите технологии ја заштитуваат животната средина. Робертсон изрази надеж дека локалните заедници ширум САД ќе ја прифатат идејата дека „за да бидеме светски лидери и да обезбедиме иднина за нашите деца овде, не смееме да ја префрламе целата технологија за преработка во странство“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖