САД Ѝ ГО СЕКНАА ВЕНТИЛОТ, ПА СЕГА СЗО ЌЕ ШТЕДИ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Director-General of the World Health Organisation (WHO) Dr. Tedros Adhanom Ghebreyesus attends an ACANU briefing in Geneva, Switzerland, December 15, 2023. REUTERS/Denis Balibouse
- Advertisement -
Ad image

Светската здравствена организација (СЗО) одлучи да ги „замрзне“ вработувањата и значително да ги намали патните трошоци како одговор на повлекувањето на САД од организацијата, која е нејзин најголем финансиски донатор, се вели во интерната порака испратена до персоналот.

„Како што знаете, Соединетите Американски Држави најавија повлекување од СЗО. Жалиме за оваа одлука и се надеваме дека новата администрација ќе ја преиспита својата позиција“, напиша генералниот директор на СЗО Тедрос Гебрејесус во пораката до вработените, пренесува Политико.

Тој нагласи дека одлуката на Америка дополнително ја влоши финансиската состојба на организацијата и предизвика значителна загриженост и несигурност кај вработените. Како одговор, СЗО воведува мерки за штедење кои вклучуваат „замрзнување на вработувањата, освен во најкритичните сектори“, како и „значително намалување на патните трошоци.

Сите состаноци ќе се одржуваат преку видео врска, освен во исклучителни околности, додека мисии за техничка поддршка во земјите ќе бидат ограничени на најнеопходните.

Други мерки вклучуваат ограничување на замената на ИТ опремата, преговарање за ревизии на големи договори и суспендирање на реновирање на канцелариите и капитални инвестиции, освен ако не е неопходно од безбедносни причини или за да се заштедат трошоци, се вели во извештајот.

Соединетите држави ќе ја напуштат Светската здравствена организација на 22-ри јануари 2026-та година, објавија Обединетите нации, откако американскиот претседател Доналд Трамп официјално ги информираше за одлуката, обвинувајќи ја агенцијата на ОН за погрешно справување со пандемијата ковид-19 и други меѓународни здравствени кризи извештаи.

Share This Article