Руските сили денеска извршија моќен воздушен напад врз Киев, а една од главните цели беше зградата на Националната академија на науките на Украина.
Според првите информации објавени од украинскиот претседател Володимир Зеленски, во нападите има убиени цивили, а на терен е во тек голема спасувачка операција.
Снимки од уништената и запалена зграда на Академијата се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа како луѓе преку прозорците е обидуваат да ја напуштат запалената зграда.
Видеата и фотографиите го прикажуваат урнатиот покрив и горните катови на историската зграда, од која се излеваат огромни отворени пламени и густ црн чад. Дворот и улицата пред зградата се закопани под тули, гипс и бетонски остатоци, додека автомобилите паркирани во близина се смачкани под урнатините. Пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот и бараат луѓе кои се заробени во зградата.
„Руски напад ја погоди зградата на Националната академија на науките на Украина. Спасувачките операции се во тек: екипите го гаснат пожарот и бараат луѓе кои можеби се заробени внатре. Сите служби се распоредени“, објави Зеленски на Икс.
Украинскиот претседател нагласи дека зградата на Академијата не била единствената цел на денешните руски напади врз главниот град и другите региони.
„Денес, фармацевтска компанија и бензински пумпи беа нападнати во Киев; бизнис центар во Днепар, а во други градови и региони беа нападнати цивилни објекти, бизниси и комуникациска инфраструктура. За жал, беа убиени луѓе. Изразувам сочувство до нивните семејства и најблиските“, напиша украинскиот претседател.
Тој нагласи дека овие напади мора да послужат како јасен сигнал до западните партнери за потребата од понатамошна поддршка.
– Русија дефинитивно ќе се соочи со одговор на ова. Секој од партнерите на Украина мора да види од овој терор и овие напади дека поддршката за Украина значи вистинска поддршка за човечките животи и поддршка за принципот дека теророт никогаш не смее да се нормализира никаде. Русија мора да ја сноси одговорноста за сето ова и да се соочи со вистинските последици – рече Зеленски, заблагодарувајќи им се на сите што ѝ помагаат на Украина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
