Рускиот претседател Владимир Путин ѝ нареди на војската да пронајде начини Русија да започне нови офанзивни операции во Украина за да го освои Киев, изјави врховниот командант на Украина Олександр Сирски.
Според него, ова вклучува руски офанзиви започнати од белоруска територија за да го освојат украинскиот главен град и околните области.
Друго сценарио вклучува напад од руската граница со Брјанската област кон украинскиот град Чернигов, што е најверојатно сценарио, рече тој, според „Индипендент“.
Во текот на ноќта, руските сили започнаа масивен напад врз Киев, Киевска и други области во Украина, при што украинските власти изјавија дека руските сили повторно ги гаѓале станбените области и убиле цивили, додека руската страна тврди дека целите на нападот биле воено-индустриски и енергетски објекти, како и воени аеродроми.
– Најмалку 11 лица загинаа во нов масовен руски воздушен напад врз Киев, објави денеска украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко, додавајќи дека службите за итни случаи сè уште работат во погодените области.
Службите работат на спасување на луѓето од урнатините, а 17 лица веќе се спасени во округот Дарница, пренесува Укринформ.
Се сомнева дека има и исчезнати лица, како и 34 повредени.
Информациите за руската офанзива доаѓаат откако Украина во вторникот вторпат нападна сателитски центар во Московскиот регион што се користи за собирање разузнавачки информации за руските сили.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
