Background

Руската манекенка Ирина Шајк неодамна одржа говор пред студентите во престижниот Оксфорд Унион, една од најпознатите дебатни институции во светот

Руската манекенка Ирина Шајк неодамна одржа говор пред студентите во престижниот Оксфорд Унион, една од најпознатите дебатни институции во светот. Нејзиното гостување предизвика големо внимание бидејќи ретко се случува модни ѕвезди да добијат можност да зборуваат во друштво на светски лидери, научници, уметници и општествени влијателни личности.

Оксфорд Унион, основан во 1823 година, има традиција да поканува личности кои оставиле значајна трага во политиката, науката, културата и јавниот живот. Меѓу неговите говорници низ историјата биле Алберт Анштајн и Стивен Хокинг, но и Мајкл Џексон, Шакира, Морган Фримен, Натали Портман и Ана Винтур, како и бројни државници, добитници на Нобелова награда и холивудски ѕвезди.

Таа на својот инстаграм-профил сподели фотографии и видео од нејзиниот настап.

- Advertisement -
Ad image

Поканата за учество во Оксфордската унија обично се упатува на личности кои имаат значително јавно влијание или интересна професионална приказна, без оглед на тоа дали доаѓаат од академската средина или од други области како медиуми, уметност или мода.

Настапот на Ирина Шајк, бил посветен на нејзиното професионално искуство и работата во глобалната модна индустрија, а студентите имале можност да ѝ поставуваат прашања и да дискутираат со неа.

Како што навела, за неа било посебно признание тоа што била поканета да зборува во рамки на Оксфордската унија, место кое низ историјата било дом на некои од највлијателните мислители, лидери и носители на промени.

– Каква неверојатна чест е што сум поканета да зборувам во Оксфордската унија, место кое било дом на некои од најголемите светски мислители, лидери и луѓе што носат промени. Благодарна сум на Оксфордската унија и на Универзитетот Оксфорд за можноста да го споделам моето животно патување. Многу сум благодарна за топлиот прием, промислените разговори и незаборавните моменти – напиша Шајк во својата објава.

 

Таа објави и серија фотографии од Оксфорд, а на една од фотографиите, таа позира со книга на која стои натпис „угледни гости на Оксфордската унија“.

Под објавата, многу нејзини обожаватели ѝ упатија честитки и пофалби, истакнувајќи дека изгледа прекрасно и дека постигнала значаен успех.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation