Background

Русите објавија кои цели ги погодиле

Руската војска ноќеска (вторник наутро) изврши големи напади врз повеќе претпријатија од воената индустрија во пет украински региони и во Киев и Запорожје, објави руското Министерство за одбрана.

Нападите биле насочени и кон транспортната инфраструктура, вклучувајќи ги и воените аеродроми.

Руското министерство ги опиша нападите како масовна одмазда за она што според руските тврдења беше терористички напад врз студентскиот дом во Луганск, каде загинаа 23 лица и за други напади врз цивилната инфраструктура на Русија.

Погодени воени и енергетски објекти

- Advertisement -
Ad image

Според соопштението на министерството, целите биле објекти во регионите Харков, Суми, Дњепропетровск, Хмелницки и Полтава, како и во главниот град Киев и во регионот Запорожје.

 

„Три претпријатија од воената индустрија беа погодени во регионот Харков, вклучувајќи ја Харковската државна фабрика за авиони и два објекта од украинскиот енергетски комплекс“, соопшти министерството.

Во Сумската област е погодена државната фабрика „Звијезда“ во Шостка, додека во Дњепропетровската област, цел беше компанијата „Фајер Поинт“, која произведува компоненти за дронови и за ракети со долг дострел, како и логистички центар.

Напади беа извршени и врз претпријатија во областите Хмелницки и Полтава, како и врз инфраструктурата на шест воени аеродроми во областите Черкаси, Ривно, Житомир, Кировоград, Хмелницки и Киев. Десет компании и три центри за регрутирање беа погодени во самиот Киев. Во делот на Запорожје, кој е под контрола на Украина, беа погодени објектите на Инженерскиот институт „Омелченко“ и Авијацискиот институт „Мотор Сич“.

„Одмазда за нападот врз студентскиот дом“

Руското Министерство за одбрана вели дека нападите се одговор на нападот со беспилотни летала на украинските сили врз студентскиот дом во Старобилск ноќта на 22 мај, каде што престојуваа 86 студенти. При уривањето на зградата загинаа 21 студент, а 44 беа повредени. Според рускиот претседател, Владимир Путин, нападот не бил случаен, а преживеаните наводно раскажале како беспилотните летала долго време кружеле над нив и ги таргетирале.

Киев, од друга страна, тврди дека во нападот била погодена руска воена единица.

Руското Министерство за надворешни работи истакна дека „режимот на Зеленски и неговите западни спонзори покажале непочитување на нормите на меѓународното хуманитарно право“, поточно Женевските конвенции од 1949 година и Конвенцијата за правата на детето од 1989 година.

Министерството за одбрана соопшти дека армијата постојано ќе ги таргетира центрите за донесување одлуки и командните места. Исто така, се додава во соопштението, ќе ги сметаат за легитмни цели објектите на воено-индустрискиот комплекс, кои режимот во Киев ги користи заедно со експертите на НАТО за испорака на компоненти, разузнавање и за таргетирање.

Најмалку 18 лица беа убиени, меѓу кои и две деца, а повеќе од 100 беа повредени во синоќешните руски напади со ракети и беспилотни летала низ Украина.

– Тоа беше еден од најтешките напади врз Украина во последните месеци, насочени кон цивилна инфраструктура и енергетски објекти – изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Жртви во Днепар и во Киев

Најголем број жртви, 12, има во Днепар, додека 6 лица загинаа во главниот град Киев.

– Спасувачите кои ги пребаруваа урнатините на станбена зграда во Днепар ги пронајдоа телата на осумгодишно момче и жена – изјави регионалниот гувернер Олександр Ханжа.

Со ова, бројот на жртви во градот се искачи на 12.

Ханжа додаде дека уште едно дете е убиено во експлозијата.

Повеќе од 90 лица се повредени во Днепар и Киев. Во Харков на североистокот од земјата, каде што беа цел и енергетски и цивилни објекти, 10 лица се повредени, вклучувајќи и едно дете.

Зеленски: Итно ни требаат ракети „Патриот“

Во видео обраќање синоќа Зеленски предупреди на можноста за „масовен напад“ и ги повика жителите внимателно да ги следат предупредувањата за опасност во воздухот. Во вторник наутро, тој објави дека Русија лансирала 656 дронови и 73 ракети од различни видови – балистички, крстосувачки и противбродски.

– Главниот удар беше насочен кон Киев, каде што повторно беа оштетени десетици станбени згради и друга исклучиво цивилна инфраструктура. Итно ни е потребна помош од Соединетите Американски Држави во испораката на пресретнувачки ракети за системите „Патриот“ – рече украинскиот претседател.

Достапноста на ракетите „Патриот“ е ограничена, а ситуацијата е дополнително комплицирана од војната меѓу на САД и Израел против Иран. Откако се врати на власт минатата година, американскиот претседател Доналд Трамп ги прекина директните испораки за Украина, па европските сојузници на Киев ги купуваат системите од САД, а потоа ги испраќаат во Украина.

Москва: Нападите ќе продолжат

Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите цели на ударот се постигнати.

Москва, која ја почна војната со Украина во 2022 година, минатата недела предупреди дека ќе почне „систематски напади“, по смртоносниот напад врз студентскиот дом.

Кремљ денес соопшти дека ги спроведува „систематските напади“ што претходно ги вети.

– Оваа практика ќе продолжи – изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation