Background

Рубио испрати јасна порака до Техеран

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД или ќе постигнат добар договор со Иран или ќе дејствуваат против Исламската Република „на друг начин“.

– Вашингтон ќе ѝ даде целосна шанса на дипломатијата за таа да успее пред да се разгледуваат „алтернативни“ опции. На маса има многу сериозен предлог во врска со нивните можности да ja отворат Ормускиот теснец и да започнат сериозни, суштински и временски ограничени преговори за нуклеарното прашање. Се надеваме дека тоа ќе може да се реализира –  – изјави шефот на американската дипломатија во Делхи.

Досега нема официјален одговор од иранската влада. Но, новинската агенција Тасним, поврзана со Иранската револуционерна гарда, објави дека САД сè уште блокираат делови од можниот договор, вклучително и барањето на Техеран за ослободување на замрзнатите средства.

- Advertisement -
Ad image

Двете страни остануваат поделени околу неколку чувствителни прашања, вклучувајќи ги нуклеарните амбиции на Иран, војната на Израел во Либан против проиранскиот Хезболах и барањата на Техеран за укинување на санкциите и ослободување на десетици милијарди долари приходи од нафта замрзнати во странски банки.

Висок функционер на администрацијата на Трамп ги изложи најновите контури на преговорите што се моментално на маса.

Зборувајќи под услов на анонимност, тој рече дека Иран се согласил „во принцип“ да го отвори Ормускиот теснец во замена за укинување на американската поморска блокада и да се ослободи од своите залихи на високо збогатен ураниум. Тој додаде дека Вашингтон верува дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, ја поддржал основната рамка на договорот.

Досега нема официјална потврда од Иран, ниту дополнителни појаснувања за тоа што конкретно значи договорот „во принцип“.

Американски функционер изјави дека Вашингтон сака прво повторно да го отвори теснецот и да ја укине поморската блокада, додека преговорите за деталите од нуклеарното прашање ќе траат подолго. Тој, исто така, ги отфрли тврдењата дека Иран не се согласил да ги отстрани своите залихи од збогатен ураниум.

-Единственото прашање е на кој начин – рече тој.

Друг висок функционер на администрацијата изјави во неделата дека предложената рамка ќе им даде на преговарачите 60 дена да постигнат конечен договор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation