Кристијано Роналдо погоди во 44. и 78. минута во новата победа на Ал Наср над Ал Васл од 4:0.
Со овој учинок, португалската суперѕвезда сега има 923 гола во кариерата и е се поблиску до историската бројка од 1.000 постигнати голови.
По неговите нови голови и непосредно пред 40-от роденден, Роналдо даде интервју за шпанскиот El Chiringuito и самоуверено изјави дека е најдобриот фудбалер во историјата.
„Досега постигнав 923 гола, но не ми е важно дали ќе постигнам 930, 950 или што и да е во кариерата. Ако можам да достигнам 1000, супер. Ако не, и тоа е во ред. Но, бројките не лажат. Јас сум најдобриот фудбалер во историјата, точка!“, рече тој и продолжи:
„Можеби повеќе ги сакате Пеле, Меси или Марадона. Го разбирам и го почитувам тоа, но јас сум најдобрата и најкомплетната личност досега. Не сум видел подобар фудбалер од мене. Добар сум за глава, добар изведувач на слободни удари. Убаво шутирам со лева и десна нога… Брз сум, силен, многу скокам… Да се каже дека Роналдо не е комплетен фудбалер е лага. Нема покомплетен фудбалер од мене. ”
Тој откри и дека бил блиску до преселба во Барселона и дека бил најсреќен во Реал Мадрид.
„Додека сè уште бев во Спортинг Лисабон, Барселона сакаше да ме доведе. Се договараше трансфер за да можам да одам таму една година подоцна. Но, тогаш дојде Манчестер Јунајтед и веднаш ме однесе.
Бев најсреќен во Реал Мадрид, тој клуб и град се засекогаш во моето срце. Сакав да играм на Камп Ноу. Сосема посебна аура, енергија. Ме исвиркуваа, ме навредуваа, а јас тоа го сакав и редовно давав гол за Барса таму“.