Роки, која овие денови полни седум месеци, позираше заедно со својата мајка, славната пејачка Ријана, а двете на сетот се однесувале како вистински професионалки. Сепак, пејачката не пропушти да се пошегува на сметка на новата „соработка“.
– Девојки од насловна!!! Бебето Роки беше многу сериозна на својата прва насловна! Дојде на сет и ми ја затвори устата!!! – напиша таа покрај фотографиите.
Во видео објавено на нејзиниот профил на Инстаграм, пејачката вели дека се на сетот на списанието и дека им се придружила „најновата модна ѕвезда“.
– Ме засени. Ова е последното снимање што ќе го правиме заедно – вели таа низ смеа, додека камерата ја покажува малата Роки, која некој ја држи во раце додека си го гризе рачето.
Подоцна, нежно ја гали и ѝ се обраќа: „Која е оваа бебешка ѕвезда од високата мода?“
Ријанa и нејзиниот партнер Aсап Роки пред Роки веќе имаа две деца – РЗА, роден во 2022 година, и Риот во 2023 година. Но, очигледно, ѝ недостасувала токму ќерка.
Роки се роди во септември 2025 година, а според извори блиски до семејството, пејачката отсекогаш сонувала да има девојче. Со нетрпение ја чекала оваа улога – да ја облекува, да ја носи на настани и да ужива во „новиот свет“ што ѝ се отворил.
Тоа се виде и неодамна, кога малата ја однесе со себе во Париз на Модната недела – каде веднаш привлече внимание.
Промената ја забележал и нејзиниот партнер. Во гостување во емисијата The Ebro Show, тој искрено зборува за татковството.
– Човеку, да имаш ќерка… тоа ме направи толку ранлив. Како повторно да сум роден – рече тој.
Додаде дека иако е сѐ уште многу мала, секој нејзин поглед го разнежнува.
– Кога ќе ме погледне, едноставно се топам одвнатре – призна раперот.
Со доаѓањето на Роки, животот на ова славно семејство доби нова димензија. А ако се суди според првата насловна – изгледа дека малата веќе го освојува светот, чекор по чекор.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
