Background

Резултатите од референдумот на Исланд, на кој мнозинството Исланѓани се изјаснија против обнова на преговорите за членство на земјата во ЕУ, ќе го ослабне моментумот во Брисел за проширување на Унијата, кој не е проширена од приемот на Хрватска во 2013 година

Резултатите од референдумот на Исланд, на кој мнозинството Исланѓани се изјаснија против обнова на преговорите за членство на земјата во ЕУ, ќе го ослабне моментумот во Брисел за проширување на Унијата, кој не е проширена од приемот на Хрватска во 2013 година, оценува бриселскиот портал „Еурактив“.

Се очекува контурите на следното проширување на блокот да бидат дефинирани на Самитот на лидерите на ЕУ во Брисел во октомври, каде што главни теми ќе бидат други „проблематични прашања“, како што се усогласувањето на следната буџетска рамка на ЕУ за периодот по 2027 година, како и демократското назадување во некои од земјите членки.

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја, како што е Црна Гора, што потенцијално ќе го направи проширувањето поприфатливо за земјите членки кои се скептични кон овој процес.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, Бјарни Бенедиктсон, поранешен исландски премиер и актуелен извршен директор на Конфедерацијата на исландските претпријатија, смета дека нема причина резултатите од референдумот Брисел да ги сфати на негативен начин.

– Тоа е само гласање за тоа дали сакаме да се зближиме во овој момент. Сè уште сме членка на европското семејство – изјави Бјарни Бенедиктсон.

„Еурактив“ оценува дека евроскептицизмот ги премости географските и демографските поделби на Исланд. Естаблишментот на ЕУ се додворуваше до нордиската нација, со надеж дека гласачите ќе ги видат придобивките од членството во Унијата, наведува „Еурактив“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен отпатува на Исланд минатото лето за да разговара за безбедносно и одбранбено партнерство и ја пречека исландската премиерка Криструн Фростадотир во Брисел. Дури имаше и гласини дека Фон дер Лајен ќе го посети Исланд следната недела, доколку резултатот беше во корист на ЕУ.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос само неколку дена пред референдумот изјави дека Исланд би можел да ги заврши преговорите за членство за само една година.

Исланд е основач на НАТО и членка на Европската економска зона, што значи дека има пристап до единствениот пазар на ЕУ без да мора да ги прилагодива своите закони на европската легислатива. Земјата аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година, но ја повлече својата апликација во 2013, па тогаш пристапните преговори беа прекинати.

По најавата за референдумот, приврзаниците на членството во ЕУ беа побројни, но нивното водството полека се топеше во неделите пред гласањето, за анкетата минатиот четврток да покаже дека во водство е таборот „против“. Според најновите резултати од рееферендумот, „против“ гласале 52,8 отсто од Исланѓаните.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation