Background

РЕКОРДНИ ИНВЕСТИЦИИ И АВТОПАТИ ГО ТУРКААТ РАЗВОЈОТ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски во гостување на МРТ Радио Скопје, оцени дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години успеала да ја стабилизира државата и да постави основа за економски раст, инфраструктурен развој и технолошка модернизација.

– Точно две години ВМРО-ДПМНЕ ја предводи Владата на Република Македонија и претседателот Мицкоски. Ако паметиме како започнавме, од еден хаос, од едно безредие, од празни буџети, долгови, непочитување на законите, ние успеавме да дојдеме до едно стабилизирање. Како што дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт со ребалансот на буџетот за тогашната, 2024 година се исплатија сите плати на оние вработени во јавната администрација, во јавниот сектор, кои што со месеци немаа добиено плата. Ги поставивме на еден начин темелите на промените и оттогаш па навака работиме да Македонија забрзано оди напред во делот на економијата, во делот на инфраструктурата, во делот на дигитализацијата, образованието – рече Манасиевски.

Манасиевски нагласи дека во втората половина на 2024 година биле регистрирани рекордни странски директни инвестиции, што, како што рече, претставува потврда за довербата на инвеститорите во економските политики на Владата. Осврнувајќи се на инфраструктурните проекти, Манасиевски посочи дека во моментов се работи на четири автопатски делници, Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Кичево-Охрид.

- Advertisement -
Ad image

– Само што дојдовме ние на власт, во втората половина на 2024 година забележавме рекордни над една милијарда и двеста педесет милиони евра странски директни инвестиции. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ знае како треба да се раководи онаа економска политика. Еве сега седум квартали по ред ние имаме над три проценти раст на бруто домашниот производ. Во моментов се работи на четири автопати, тоа се Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Кичево-Охрид. Во следниот период очекуваме да се започне со работа и на Скопје-Блаце, на Букојчани-Кичево, а во процес на проектирање, физибилити студија и избирање на изведувач се патиштата Кочани-Виница-Делчево и како што најави премиерот за експресниот пат Струмица-Радовиш“ – вели Манасиевски.

Во своето излагање, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски се осврна и на процесот на дигитализација, посочувајќи го проектот за национална фабрика за вештачка интелигенција „Везилка“, кој, според него, ќе ја позиционира Македонија во европската мрежа на центри за вештачка интелигенција.

– Претседателот Мицкоски заедно со министерот Андоновски го започнаа проектот за национална фабрика за вештачка интелигенција Везилка, што значи дека Македонија се надоврзува со модерната технологија. Стануваме дел од европска мрежа на центри за вештачка интелигенција којашто добива пристап до најсовремената инфраструктура за развој на вештачка интелигенција и која ќе се овозможи на домашните истражувачи, на универзитетите и компаниите да развиваат конкурентни иновации и дигитални решенија, и многу клучно е овде што тоа ќе биде на македонски јазик – истакна Манасиевски.

Манасиевски: Филипче соработува со луѓе кои го негираат македонскиот идентитет, за јазикот, идентитетот и историјата не смее да се преговара

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски во гостување на МРТ Радио Скопје, упати критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека бара уставни измени без обезбедени гаранции и дека таквиот пристап е спротивен на националните интереси.

– Венко Филипче бара уставни измени без гаранции, затоа што тој смета дека доколку слугува на туѓи држави, на туѓи влади, дека така може да дојде на власт, а ние како ВМРО-ДПМНЕ внимателно ги следиме сите случаи, ние прво размислуваме, па потоа правиме чекори, а не како што тие претходно прават чекори без да размислуваат. Така се промени името, се направи оној договор со Бугарија и протоколите и така натаму. Сметам дека треба да се има национални црвени линии во овој дел. Едноставно не треба да се преговара за јазикот, за културата, за идентитетот, за историјата. Нешто коешто ќе ве потсетам како партија опозициска ние и го изгласавме такви црвени линии во 2020 година, меѓутоа само за неколку месеци чинам тие црвени линии беа погазени токму од Социјалдемократскиот сојуз – вели Манасиевски.

Манасиевски истакна дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче соработува со лица и структури кои, според него, ги негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Тој оцени дека станува збор за политички врски кои не само што се спротивни на националните интереси, туку и претставуваат закана за безбедноста на највисоките државни функционери.

– Луѓето коишто нас не негираат, коишто ни го негираат идентитетот, јазикот, културата, историјата, луѓето кои што директно ја загрозуваат безбедноста на претседателот на Владата на Република Македонија, со тие соработува претседателот на најголемата засега опозициска партија во Македонија, а тоа е Венко Филипче – дециден е Манасиевски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation