Background

Регулаторната комисија за енергетика работи на сет на мерки за заштита на потрошувачите на струја

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)  подолг период  работи на комплементарен сет на мерки со цел зајакнување на заштитата на потрошувачите, соопштија оттаму.

Овој сет на мерки ќе стапи на сила по завршување на сеопфатната експертка консултативна фаза со сите засегнати страни. По што јавноста ќе биде детално запознаена со решенијата.

Како што се наведува, дел од тој сет на мерки се и месечно отчитување на броила, како и вонредна проверка на броила по случаен избор кај дел од потрошувачите кои имаат доставено приговори до РКЕ.

- Advertisement -
Ad image

– Овие  механизам се дел од заедничкото делување со ресорното министерство Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМЕС) со цел зајакнување на довербата и надминување на дилемите кај дел од јавноста – кај оние потрошувачи кои се сомневаат во  исправноста на мерните уреди (броилата) – велат од РКЕ.

Соопштението на РКЕ доаѓа по средбата  со претставници на Здружението на инженери на која, како што информираат од Здружението, биле прифатени забелешките дека фактурирањето врз основа на проценета потрошувачка на електрична енергија доведува до разлики во износите, што може да предизвика финансиска штета за потрошувачите, додека во исто време создава дополнителни приходи за операторот на дистрибутивниот систем.

Од Здружението предлагаат да се  издаваат коригирана фактура што ќе ги опфаќа деновите од претходното до последното отчитување на броилото.

„Со ова ќе се овозможи реална и прецизна наплата на електричната енергија, елиминирајќи ја можноста за неправедно внесување на потрошувачите во повисоки тарифни блокови поради корекции во месеците кога се врши реалното отчитување3, се наведува во соопштението.

Конечниот текст за измените во Правилата за снабдување со електрична енергија ќе биде утврден на подготвителна седница, на која ќе бидеме поканети да присуствуваме.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation