Канје Вест уште еднаш предизвика бурни реакции откако сподели фотографија од маичка со свастика на социјаланта платформа Икс, а тврди дека со години сакал да ја направи, објави британски Ел-Би-Си.
„Мојот најголем уметнички перформанс досега“, додаде тој на својата објава на Икс.
Маицата го носи името „HH“, а многумина претпоставуваат дека тоа значи „Heil Hitler“.
Оваа негова објава досега ја погледнале повеќе од 7 милиони луѓе. Контроверзниот рапер доби многу критики.
„Целосно си ја уништи репутацијата“, „Те молам, немој“, „Човеку, твоите деца би биле толку разочарани од тебе сега“, „Ми недостига стариот Канје“, беа дел од коментарите на разочараните обожаватели.
За потсетување, Канје претходно ги обвини Евреите дека абортирале деца од Јужна Америка.
„Никогаш нема да се извинам за моите коментари за Евреите. Можам да кажувам што сакам засекогаш. Каде е проклетото извинување за ‘замрзнување’ на моите сметки?“, беше неговиот навредлив коментар за Евреите.
Сликата од неговата маичка можете да ја погледнете тука.