Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека по направените анализи за периодот 1 февруари – 1 април, е заклучено дека цените на производите во малопродажните објекти се зголемени за приближно 0,4%, но дека кај зеленчукот, доматите, краставиците, кај јајцата и некои други производи е забележан и двоцифрен раст на цените. Цената на лебот, пак, останала иста или е намалена како што е договорено со мелничарите.
Анализата, според Мицкоски, покажала и дека профитните маржи се намалени.
– Анализиравме четири синџир-маркети („Зур“, „Кипер“, „Кам“ и „Веро“) и цени на 55 производи и врз основа на таа споредба што ја направивме на цените од 1 февруари и од 1 април дојдовме до заклучок дека зголемувањето на цените е приближно за 0,4% кога ќе се споредат оние цени што ги затекнавме од 1 април со цените од 1 февруари. Од оваа анализа имаме некакви индикатори за одредени производи, кои ги зголемиле своите цени за неколку проценти, односно за двоцифрен број, да бидам попрецизен, тоа значи над 10%. А кога станува збор за профитните маржи, можам да кажам дека тие се намалени во споредба со 1 февруари на 1 април – рече Мицкоски.
Ако на 1 февруари, појасни тој, просечните профитни маржи биле нешто повеќе од 15%, според нивните калкулации, сега се намалени под 15%, а според дистрибутерите и маркетите, бројката била поинаква.
– Сега се под 15. Мислам дека се некаде околу 14,7%, повторно ќе кажам, според нашата математика. Во моментот размислуваме како да дојдеме до поевтини цени за одредена група на производи, каде што имаме двоцифрен број проценти на зголемување и набргу ќе излеземе со таков став. Инаку, имаме и производи, кои, за волја на вистината, се и поевтинети. Споредувавме четири маркети. Јас не би кажувал сега детално за цените за тие маркети, но тие маркети се „Зур“, „Кипер“, „Кам“ и „Веро“ – рече Мицкоски.
Според него, таа анализа е направена многу темелно.
Двоцифрен раст на цените, според премиерот, е забележан кај зеленчукот, кај доматите, краставиците, кај јајцата…
Мицкоски не очекува поголем ценовен удар затоа што процентуалното учество на оној дел на кој се зголемени транспортните трошоци не ни дава право да сметаме дека ќе имаме огромен инфлаторен скок за следниот месец бидејќи влезот во крајната цена на транспортните трошоци наспроти зголемената цена на маргините на дизелот и на бензините не е толку голема.
– Зборуваме за еден до два проценти – рече Мицкоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
