Background

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Владата постигнала значајни резултати во економијата и во работата на институциите во изминатите 27 до 28 месеци, наведувајќи го растот на бруто-домашниот производ, движењето на инфлацијата, кредитниот рејтинг и подобреното функционирање на јавните служби.

Говорејќи на настанот со кој почна изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, Мицкоски рече дека првите економски показатели од работата на Владата веќе се видливи и дека, според него, резултатите ја позиционираат земјата меѓу најуспешните во Европа.

– Во вториот квартал од оваа година, во 2026 година, растот на БДП е 4,3 проценти и е во првите пет во Европа и убедливо меѓу најголемите во регионот, ако не и најголем – рече премиерот.

- Advertisement -
Ad image

Тој се осврна и на инфлацијата, наведувајќи дека просечната стапка во третиот квартал изнесувала 2,5 проценти. Според неговата оценка, тоа е пониско ниво во споредба со соседните земји, каде што, како што рече, просечната инфлација изнесува пет или повеќе проценти.

Мицкоски посочи и дека Државниот завод за статистика го коригирал растот на БДП во 2024 година од три на 3,8 проценти, што, според него, придонело за намалување на односот на јавниот долг кон БДП од 61 на 57,4 проценти.

Кедитниот рејтинг и работата на институциите

Премиерот рече дека земјата го задржала кредитниот рејтинг кај меѓународните рејтинг-агенции, додека во други држави во регионот и во Европа, според неговата оценка, има намалување на рејтингот. Тој додаде дека очекува рејтингот на Македонија да остане стабилен и да се движи во нагорна насока.

Како примери за подобрување на работата на институциите, Мицкоски ги наведе снабдувањето со учебници на почетокот на учебната година, вадењето лични документи во Министерството за внатрешни работи и справувањето со пожарите.

– Веќе не се предизвик учебниците за учениците на 1 септември, веќе не е предизвик вадењето лични документи во МВР, а справувањето со пожарите претставува рутина ако се спореди со она што се случуваше во Европа – рече премиерот.

Тој оцени дека резултатите се постигнати во тешки услови, посочувајќи на катастроафалната состојбата што ја затекнала Владата при преземањето на функциите и на енергетската криза со која се соочува светот.

„Ќе продолжам да ги повторувам фактите“

Мицкоски рече дека очекува неговите оценки за економските резултати да предизвикаат несогласување кај опозицијата, но најави дека ќе продолжи да ги изнесува податоците на кои ги темели своите тврдења.

– Нема да кажам нескромно и покрај фактот што ризикувам дека голем број од политичарите во опозицијата нема да се сложат и ќе се обидуваат да ме исмејуваат кога зборувам за факти коишто се во првите пет во Европа, но јас ќе продолжам да ги повторувам – рече премиерот.

Тој ѝ се заблагодари на Владата, на институциите и на граѓаните за, како што рече, вложениот труд и трпението. Мицкоски изрази уверување дека земјата денес е подобро место за живеење отколку пред три години и дека во следните три години може дополнително да напредува.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖