Background

Расте гневот против американскиот проект на островот Сазан

Оставка на премиерот Еди Рама, техничка влада со едногодишен мандат и длабоки уставни реформи се најдоа на новиот список барања на организаторите на „Фламинго револуцијата“ во Албанија.

Демонстрантите порачаа дека протестите ќе продолжат мирно сè додека нивните услови не бидат исполнети.

Организаторите предлагаат по заминувањето на актуелната влада да биде формирана непартиска преодна влада која во рок од 12 месеци би подготвила политички и институционални промени.

Рама под нов притисок

- Advertisement -
Ad image

Меѓу предложените уставни измени се ограничување на функцијата премиер на најмногу два мандата и воведување механизми кои, според демонстрантите, би обезбедиле еднаквост на граѓаните пред законот.

Промените би биле потврдени на референдум.

Демонстрантите бараат и поништување на повеќе законски решенија, меѓу кои измените на законите за заштитени подрачја и за културно наследство.

Tри недели хаос и буткање огради

Поминаа три недели откако избувнаа првите протести, откако булдожерите почнаа да ги расчистуваат шумите и древните дини за да го подготват теренот за изградба во заштитено подрачје спроти Сазан, според „Гардијан“.

Тензиите таму ескалираа кога противниците на проектот се судрија со обезбедувачите кои поставија ограда за да го блокираат јавниот пристап до областа. Во хаосот што следеше, обезбедувачите беа снимени како влечат локален земјопоседник по карпест терен со лисици.

Од проект до движење

Протестите започнаа поради контроверзниот проект за изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со Џаред Кушнер, зетот на претседателот на САД Доналд Трамп.

Во меѓувреме, движењето ги прошири барањата и почна да се претставува како поширока граѓанска иницијатива за политички и институционални промени во земјата.

Дел од учесниците предупредуваат и на ниските плати, високите животни трошоци и иселувањето на населението, за што ја обвинуваат актуелната власт.

Поддршка и од дијаспората

Покрај протестите во Албанија, собири на поддршка се организираат и меѓу албанската дијаспора во САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Шведска и во Австралија.

Организаторите велат дека „Фламинго револуцијата“ ќе продолжи сè додека не се отвори процес за политички промени и за нов општествен договор меѓу државата и граѓаните.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation