Background

Расчистувањето на Ормуската Теснина од мини кои, според американските проценки, ги поставила иранската војска, би можело да трае и до шест месеци

Расчистувањето на Ормуската Теснина од мини кои, според американските проценки, ги поставила иранската војска, би можело да трае и до шест месеци, а таквата операција веројатно нема да биде спроведена додека не заврши војната меѓу САД и Иран, беше соопштено во извештај на Пентагон упатен до Конгресот.

Проценката за време на затвореното излагање пред членовите на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом ја изнел висок функционер на Министерството за одбрана, а ја пренесоа три извори запознаени со содржината на разговорот, пренесува „Вашингтон пост“.

Американските официјални лица наведуваат дека оваа проценка укажува на тоа дека економските последици од конфликтот би можеле да траат до крајот на годината или подолго, пред сè преку високите цени на нафтата и горивото.

- Advertisement -
Ad image

Конгресот е известен дека Иран можеби поставил 20 или повеќе мини во и околу стратешки важната Ормуската Теснина, низ која поминува околу 20 отсто од светската трговија со нафта. Некои мини биле поставени далечински со помош на Џи-пи-ес технологија, додека други наводно биле распоредувани од помали бродови.

Пентагон и американската Централна команда не сакаа да ја коментираат проценката. Иран претходно најавуваше блокада на овој пловен пат како одговор на американските и израелските операции.

САД бараат Иран да ја прекине нуклеарната програма, да го предаде високо збогатениот ураниум и повторно целосно да го отвори теснецот. Од друга страна, Техеран одбива продолжување на преговорите додека не се укине американската поморска блокада.

Поранешни американски функционери и аналитичари предупредуваат дека долготрајното присуство на мини дополнително би ги дестабилизирало енергетските пазари. Пентагон разгледува различни опции за евентуално отстранување на мините, вклучувајќи употреба на хеликоптери, дронови и специјални нуркачки единици.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation