Ракометарите на Вардар 1961 по рекорден 18. пат го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако вечерва во неизвесно финале во Струмица го совладаа дебитантот Охрид со 24-23.
Вардар добро го отвори натпреварот во салата „Парк“ во Струмица и на средина од полувремето имаше предност од 8-4, но Охрид во продолжението ги консолидираше редовите и на полувреме замина со гол негатива (12-13).
Охрид по паузата продолжи во добар ритам и во 42. минута дојде до предност од три голови (20-17).
Вардар врати со серија од 5-1 за водство од 22-21, а финалето влезе во драматична завршница во која Охрид не го реализираше последниот напад со ракометар повеќе на теренот.
За најкорисен играч на завршниот турнир беше прогласен ракометарот на Вардар, јака Малус.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
