Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека речиси тригодишниот конфликт во Украина ќе заврши за „два месеца“ или помалку доколку Западот престане да го поддржува Киев.
– Нема да опстојат ниту еден месец ако снемаат пари и, во широка смисла, куршумите. Сè би било готово за месец и половина или два – изјави Путин во интервју за руската државна телевизија.
Според него, разговорите со Украина се можни, но не и со нејзиниот претседател Володимир Зеленски, за кого смета дека е нелегитимен.
– Ако сака да учествува во преговорите, ќе назначам луѓе да учествуваат во преговорите -рече Путин, нагласувајќи дека украинскиот претседател е нелегитимен бидејќи неговиот претседателски мандат истекол за време на воената состојба во Украина.