ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН – ПОЧЕТОК НА НОВИ ПОБЕДИ ЗА НАШИТЕ НАЈМАЛИ!

ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН – ПОЧЕТОК НА НОВИ ПОБЕДИ ЗА НАШИТЕ НАЈМАЛИ!

Денес, мојот кабинет беше исполнет со најискрените насмевки, детскиот џагор и чистата позитивна енергија на нашите првачиња од ООУ „Дебрца“. Нема поголема радост од тоа да ги видиш овие светли очиња кои со огромно нетрпение чекаат за првпат да седнат во училишните клупи.
За да им го направиме овој нов животен почеток уште поубав, денеска на секое прваче му доделивме училишен ранец со сиот потребен прибор. Но, нашата грижа за најмладите и поддршката за нивните семејства не застанува тука:

10.000 денари поддршка: Со цел директно да го олесниме семејниот буџет на почетокот од оваа учебна година, за секое прваче одвоивме еднократен паричен надомест.

Нови училишни униформи: Со огромно задоволство сакам да најавам дека во завршна фаза е изработката на униформите. Многу наскоро, секое дете ќе добие свој комплет, бидејќи сите наши ученици заслужуваат чувство на припадност и еднаквост!
Дебрца отсекогаш била расадник на таленти. Од овде секогаш излегувал квалитетен кадар – луѓе кои оставаат силен белег во нашето општество.
Затоа, мојата порака до сите нив денес беше јасна: Натпреварувајте се во знаење! Бидете љубопитни, вредни и другарувајте, бидејќи вие сте иднината на нашата општина. Ние како локална самоуправа сме тука да ви го обезбедиме најдобриот можен пат кон успехот.
Нека ви е среќен и успешен почетокот на новата учебна година!