Првата дама на Америка Меланија Трамп на инаугурацијата на својот сопруг Доналд Трамп се појави во моќно издание кое привлече внимание.
Меланија, инаку позната по својот елегантен изглед, се појави во темно сино палто дизајнирано од американскиот дизајнер Адам Липс. Цената на капутот, според официјалниот сајт на брендот, е околу 4.186 евра.
Меланија го комплетираше изгледот со впечатлива шапка од американскиот дизајнер Ерик Џавитс, црни кожени ракавици и темносини антилоп чевли со високи потпетици, со што го усогласила со темносиното палто на својот сопруг.
Првата дама ги поддржа американските дизајнери со својот моден избор за инаугурацијата, додека за првата инаугурација на Трамп во 2017 година избра креација на Ралф Лорен.