Проширувањето е процес заснован на заслуги

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Проширувањето на Европската Унија е процес заснован на заслуги, а не на временска рамка, рече еврокомесарката за проширување Марта Кос, во дискусија посветена на проширувањето на Светскиот економски форум во Давос.

– Понекогаш слушам: земјите од Западен Балкан чекаат толку долго. Не се работи за тоа колку долго чекаат. Прашање е на нивната политичка волја и колку се способни да исполнат – рече Кос.

Според неа, ЕУ внимателно следи што се случува во земјите кандидати за членство.

– Тие се генерално обврзани да исполнат одредени услови по принципот „земи или остави“. Жал ми е што го кажувам тоа толку отворено. Сега не постои можност да се преговара за фундаментална вредност што е важна за ЕУ – рече Кос.

Таа ја истакна важноста на владеењето на правото за земјите кои сакаат да влезат во ЕУ.

– Има некои земји во Европската Унија кои не го почитуваат владеењето на правото и кај многу членки видовме страв дека тоа може да ѝ наштети на ЕУ. Не смееме да пуштиме ниту една земја која не е 100 проценти подготвена за влез во Унијата, не само од аспект на економијата – додаде Кос.

Економската и геополитичката ситуација во светот е променета откако Хрватска влезе во Европската унија во 2013 година, како последна земја што го направи тоа, наведе таа.

– Сега многу поголем акцент се става на вредностите и владеењето на правото, што е рефлектирано во новата методологија за кандидати од 2020 година. Не само што кандидатите мора да бидат подготвени за ЕУ, туку и ЕУ мора да биде подготвена за нив, што е огромна промена од времето кога Словенија влезе во Европската унија во 2004 година – рече Кос.

Со оваа рунда од процесот на проширување или пристапување некако се враќаме на основите, на корените – затоа е основана Европската Унија, додаде таа.

- Advertisement -
Ad image

– Основните принципи се мирот, слободата и просперитетот, како и безбедноста, што е многу важно денес – изјави Кос.

Share This Article