Проширување е императив и за Европската Унија и за земјите кандидати и затоа Западен Балкан не смее да биде сива зона на Европа.
Ова е пораката на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски од Брисел. Муцунски даде изјава пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ со кој претседава Каја Калас, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика.
Според Муцунски државите од Западен Балкан треба да имаат јасен и кредибилен пат кон членство.
Министерот посочи дека Македонија постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, особено во последните месеци. Тој нагласуваи дека агендата е 100% усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што, како што истакна, ја потврдува не само посветеноста на реформите, туку и јасната стратешка ориентација кон членство во Унијата.
– Нашата порака до земјите членки е повеќеслојна. Потребно е да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми, но и да се засили ангажманот за прашања кои одат и пошироко од самиот процес на проширување, особено во областите на безбедноста и одбраната, економијата и трговијата, енергетската безбедност, безбедноста на храната и дигитализацијата – истакна министерот Муцунски.
На Советот било истакнатно натамошното јакнење на соработката на Западен Балкан со ЕУ во надворешната политика, руската агресија врз Украина, како и пошироките регионални последици од актуелните глобални случувања.
Во обраќање, министерот Муцунски ја истакна силната определба на државата да биде доверлив партнер на ЕУ во справувањето со актуелните геополитички предизвици.
„Посебен фокус во дискусиите беше ставен и на процесот на проширување на Европската Унија во актуелниот геополитички контекст, при што беше нагласено дека проширувањето претставува стратешка инвестиција за долгорочната стабилност и безбедност на регионот и Европа“, информира МНР и НТ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
