Просечната исплатена нето-плата во јануари во земјава изнесува 43.050 денари и е повисока за 8,9% во однос на јануари минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи на просечната исплатена плата во секторите „уметност, забава и рекреација“ каде што зголемувањето е за 15,6% и просекот на плата е 43,927 денари, потоа во „административни и помошни услужни дејности“ каде што растот е за 12%, а просекот на плата изнесува 34.045 денари и „образование“.каде што платите пораснале за 11,4% и изнесува 42.936 денари.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите „градежништво“ каде што платите се намалени за 6,6% и просечно се во висина од 38.435 денари, во „преработувачка индустрија“ платите се намалите за 3,5% , а просечниот износ на плата во овој сектор е 37.021 денар и во „финансиски дејности и дејности на осигурување“ каде што платите се намалиле за 4,5%, а просекот на плата изнесува 57.903 денари.
Најниската просечна плата од 30.932 денари во јануари е исплатена во секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“, додека највисок просек е исплатен во секторот „информации и комуникации“ од 80.215 денари. Во овој сектор највисока просечна плата е исплатена на програмерите од 99.367 денари. Нивната плата споредена со декемвриската кога просекот изнесуваше 101.972 денари е пониска за 2,6%.
Ви сок пад од 52,6% на јануарскиот просек на плата во однос на декември има кај воздухопловниот транспорт кога таа изнесуваше 136.702 денари.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари изнесува 64.697 денари.
Tagged as:
Просечната нето-плата во земјава изнесува 43.050
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
