Пронајден е мртов исчезнатиот германскиот турист, по кој крајбрежната служба на Грција спроведе спасувачка акција што започна во неделата попладне.
Изчезнатиот турист и уште седум лица, кои беа спасени, биле на едрилица, којашто откако ја напуштиле пловела без контрола во близина на грчкиот остров Сими.
Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера во утринските часови во морскиот дел западно од Сими било пронајдено безживотно тело кое било идентификувано како осмиот исчезнат патник од едрилицата.
Во неделата попладне едрилицата на осумтемина германски туристи била забележана како неконтролирано плови, по што започна спасувачка акција со патролни бродови и со хеликоптер.
Беа пронајдени седум од осумте лица, односно, двајца успеале сами да допливаат до брегот, еден бил пронајден на брегот од рибарски чамец, а уште четворица биле лоцирани на блискиот брег од патролен чамец на крајбрежната служба.
Потрагата продолжи во море и на копно за пронаоѓање на последниот исчезнат турист, чие тело беше пронајдено вчера.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
