Background

Прометот на Македонската берза во октомври изнесувал 219,1 милион денари, што е за 45,56% помалку во однос на септември

Прометот на Македонската берза во октомври изнесувал 219,1 милион денари, што е за 45,56% помалку во однос на септември. Истиот месец е намален и бројот на трансакции, а берзанскиот индекс МБИ10 го завршил месецот со пад од 1,87%.

Ова го покажува месечниот статистички билтен на Македонската берза.

Според него, минатиот месец се реализирани 1.054 трансакции или 33,79% помалку од септември. Податоците покажуваат и пад на прометот кај класичното тргување што се оправдува со намалената понуда на државни хартии од вредност. Прометот со акции во класичното тргување се намалил за 31,6% на 188,2 милиони денари.

- Advertisement -
Ad image

Прегледот на движењето на акциите  на компаниите покажува дека најголем раст на вредноста на акцијата има кај компанијата Окта која  бележи месечно зголемување од 14,96 % од 5.175 денари на 5.949 денари.

Носител на вториот по големина раст е Хотели Метропол Охрид. Акцијата на оваа компанија порасна за 8,70% од 230 денари на 250 денари.

Акцијата на градежната компанија Гранит пак порасна од  1.500 на 1.550 денари, што е зголемување од 3,33%, додека пак акцијата на ТИТАН Усје порасна за 2,22%, на 46.000 денари. Раст од 0,20% бележи и акцијата на Алкалоид и таа во октомври достигна цена од  22.152,74 денари.

На спротивната страна пад на вредноста на акцијата во октомври забележаа акцијата на Македонијатурист која се намали за 17,14% , од 7.000 на 5.800 денари.

Акцијата на Македонски Телеком се намали за 6,27%, од 495,01 на 463,96 денари.

Пад забележаа и акциите на банките. Акцијата на Стопанска банка Скопје изгуби  4,85 од вредноста, на НЛБ Банка 3,15% додека на Комерцијална банка 2,79 %.

Кај Макпетрол намалувањето изнесува 2,11%, а кај Реплек 1,93%.

Најголем пад на вредноста на акцијата има кај компанијата Факом од 99,17% од  6.984 денари во септември, вредноста во октомври се спушти на само 58 денари.

Најголем промет со акции на официјалниот пазар во октомври оствари Комерцијална банка, со 73,5 милиони денари. Следуваат Алкалоид со 41,7 милиони и Макпетрол со 21,1 милион денари.

Според пресметката од податоците во билтенот, овие три акции заедно учествувале со околу 72,6% во прометот со акции на официјалниот пазар.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖