Background

Професионалниот припадник на Армијата Христијан Божиновски со навремена и пожртвувана реакција помогна да се спречи ширење на пожар кој попладнево избувна под скопската тврдина, при што беа опожарени повеќе паркирани возила

Професионалниот припадник на Армијата Христијан Божиновски со навремена и пожртвувана реакција помогна да се спречи ширење на пожар кој попладнево избувна под скопската тврдина, при што беа опожарени повеќе паркирани возила, објави АРМ на својот профил на Фејсбук.

Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески, изјави дека во пожарот биле опожарени пет возила, од кои три делумно, а две целосно изгорени. На терен интервенирале три противпожарни возила и осум пожарникари, а пожарот бил локализиран и целосно изгаснат во 16:40 часот.

- Advertisement -
Ad image

При интервенцијата, војникот добил полесна повреда на раката, по што му била укажана соодветна медицинска помош, информираат од Армијата.

Професионалниот војник при заминување од работното место, меѓу првите го забележал пожарот кој избувнал на улицата „Лазар Личеноски“, спроти Градскиот стадион. Оценувајќи дека постои опасност огнот да се прошири, веднаш алармирал и побарал поддршка од припадниците на Армијата кои ја извршувале службата на воениот стадион во Скопје.

„Проценувајќи ја сериозноста на ситуацијата и опасноста пожарот да се прошири врз останатите паркирани возила, војникот Божиновски веднаш стапил во контакт со командирот на воениот стадион во Скопје, барајќи поддршка за локализирање на огнот. Припадниците на Армијата кои ја извршувале должноста на воениот стадион во Скопје, веднаш пружиле помош, употребувајќи противпожарни апарати од едницата“, се наведува во објавата на Фејсбук на профилот на Армијата.

Со употреба на противпожарни апарати и со брза дислокација на неопожарените возила, тие успеале да спречат поголема материјална штета до пристигнувањето на противпожарните екипи.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пожарот бил пријавен околу 15:40 часот, при што гореле сува трева, смет и паркирани автомобили. Според првичните полициски информации, во пожарот е повредено едно лице, а опожарени се неколку возила.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation