Лошо е кога на права душа пцујат, вели Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што избувна пожар во кој загинаа 59 млади.
На прашањето дали чувствува вина, тој кратко одговори: Не!
– Јас ги спасив сите кои можев и многу ми е криво и мака за тие кои не можев да ги спасам. Со голема болка и тага изразувам сочувство до семејствата и фамилиите на починатите кои се голем дел и мои пријатели и другари кои со сопствени раце ги вадев. Не знаете како ми е мене, но тоа е – вели Боев.