Background

Приредувачи на игри на среќа: Доста со лаги, манипулации и шалтање од власт на власт

Здружението „Сакам да работам” повторно излезе со соопштение за јавноста, овој пат со жалба дека власта ги игнорира над 10.000 вработени во секторот игри на среќа при изготвувањето на новиот предлог закон. Нивниот аргумент е дека за законот за заштита од пушење власта одржала серија консултации со засегнатите страни, а за игрите на среќа, сектор кој е најголем приватен работодавец во земјата, тоа изостанало. Се разбира, работниците имаат право да го заштитат своето работно место. Но приказната не е толку едноставна.

Она што јавноста мора да го знае е дека зад синдикатот „Сакам да работам” стојат самите приредувачи, истите оние кои со години лобираат за да го одложат секој обид за регулирање на индустријата. Вработените се користат како штит, а вистинскиот интерес не е зачувување на работните места, туку зачувување на профитот без сериозна контрола.

Уште поважно е да се разбие уште една лага која системски се пласира во јавноста. Приредувачите на игри на среќа наводно инвестирале во невладини организации, во добротворни цели, во поддршка на лица со попреченост. СОС Балкан Медиа, како најголема невладина организација на лица со попреченост во Северна Македонија и еден од највидливите актери во граѓанскиот сектор, до денес не примила ниту една донација од ниту еден приредувач на игри на среќа. Ниту денар. Значи каде одат тие наводни донации? Кои организации ги примаат и под какви услови?

- Advertisement -
Ad image

Уште полошо е следново. Приредувачите сами себеси се претставуваат како жртви на политички инженеринг, а во реалноста тие се мајстори на тој инженеринг. Осум години, низ повеќе влади и повеќе политички гарнитури, истите приредувачи наоѓале начин да го одложат секој закон, да го омекнат секое правило и да го купат секое ветување. Шалтаат од власт на власт со еден единствен интерес, да продолжат со дивеење без правила и без одговорност.

Законот за игри на среќа мора да се донесе. Не затоа што некој сака 10.000 луѓе да останат без работа,што повторно е лага и манипулација, туку затоа што регулираниот сектор значи заштита и за вработените и за граѓаните и за државата. Европските стандарди за кои зборуваат самите приредувачи подразбираат строга регулација, транспарентност и одговорност, а не отворена сезона без контрола.

Доста е со манипулации. Законот мора да дојде.

Сасшо Денесовски

Фото:Аниација

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation