Принцот Хари и Меган Маркл неодамна се вратија во Велика Британија со своите деца, по речиси шест години живот во САД, а сега се појавија тврдења дека дел од причините за враќањето на Хари се поврзани со неговата покојна мајка, принцезата Дијана. Според британскиот кралски новинар Ричард Кеј, Хари наводно работи на свој телевизиски проект посветен на Дијана.
Кеј тврди дека Хари веќе контактирал со пријатели и луѓе кои ја познавале неговата мајка, барајќи од нив да бидат дел од проектот или да споделат свои сеќавања за неа. Информацијата ја пренесоа повеќе странски медиуми, меѓу кои Page Six и Hola, но засега нема официјална потврда од Хари, неговите претставници или продукциска куќа дека ваков филм е во продукција.
Наводниот проект би можел да биде поврзан и со фактот што следната година ќе се одбележат 30 години од смртта на Дијана. Хари во јули со Меган и нивните деца го посети Алторп, семејниот имот на Спенсерови каде што Дијана е погребана. Во странските медиуми се наведува дека принцот во последно време повторно се зближува со луѓе од семејството на неговата мајка.
Токму можноста Хари да направи сопствен телевизиски проект за Дијана повторно ги отвори шпекулациите за односот со неговиот брат Вилијам. Според Ричард Кеј, Вилијам наводно е фрустриран од идејата дека Хари повторно би можел да го преземе јавниот простор поврзан со нивната мајка. Браќата последен пат заеднички работеа на документарецот „Diana, Our Mother: Her Life and Legacy“, објавен во 2017 година.
Сепак, проектот за Дијана не е единствената причина која се споменува како причина за враќањето на Хари и Меган. Странските медиуми наведуваат дека парот сака повторно да воспостави посилни врски со Велика Британија и дека нивните деца Арчи и Лилибет треба да се школуваат таму. Хари, исто така, сака да биде поблиску до својот татко, кралот Чарлс, а Меган размислува за повторно активирање на кариерата во Британија.
Tagged as:
Принцот наводно подготвува телевизиски проект за Дијана
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
