Background

Принцот контактирал со пријатели и роднини за можен проект по повод 30 години од смртта на мајка му

Принцот Хари контактирал со пријатели и членови на семејството на неговата покојна мајка, принцезата Дијана, додека размислува како да ја одбележи 30-годишнината од нејзината смрт во 2027 година. Меѓу можностите е и нов документарец за Дијана, но засега нема потврда дека проектот е официјално одобрен или дека е договорено неговото снимање.

Според „Пипл“, Хари веќе стапил во контакт со луѓе кои биле блиски со Дијана, за да разговара со нив и да дознае дали би учествувале во евентуалниот проект. Меѓу нив е и нејзиниот брат Чарлс Спенсер. Хари на тој начин бара начин што најдобро би го зачувал споменот на мајка му и нејзиното наследство пред големиот јубилеј на 31 август 2027 година.

Иако Дијана почина кога Хари имаше само 12 години, тој со години зборува за тоа колку тешко ја прифатил нејзината смрт и отворено зборува за тоа како го чува споменот на мајка му. Во своите мемоари „Резерва“ од 2023 година, тој детално пишуваше за последиците од нејзината смрт и за настаните поврзани со погребот, вклучително и за одлуката тој и Вилијам да одат зад ковчегот на мајка им. Се присетил и на моментот кога се скршил додека ја погребувале Дијана на имотот Алторп.

- Advertisement -
Ad image

– Се пишуваше дека рацете на мама биле прекрстени на градите, а меѓу нив имало фотографија од мене и Вили, веројатно единствените двајца мажи кои навистина ја сакале. Сигурно двајцата кои ја сакале најмногу – напиша тој.

Таа мисла, како што опиша, целосно го совладала додека го спуштале ковчегот.

– Телото ми се грчеше, брадата ми затрепери и почнав неконтролирано да липам во дланките. Се срамев бидејќи го прекршив семејниот етос, но повеќе не можев да издржам – напиша во книгата.

Во разговор за „Пипл“ во 2022 година, Хари рече дека се надева оти ја прави мајка му горда.

– Искрено се надевам и верувам дека сè што правам ја прави горда. Во оние кратки 12 години што имав среќа да ги поминам со неа, ја видов и ја почувствував енергијата и еланот што ги добиваше помагајќи им на другите, без разлика на нивното потекло, болест или статус. Нивните животи, како и нејзиниот, поради тоа беа подобри. На мајка ми ѝ оддавам почит во сè што правам. Јас сум син на мојата мајка – порача тој.

Инаку, Хари и Вилијам еднаш веќе заедно го раскажаа својот спомен за мајка им во документарецот „Diana, Our Mother: Her Life and Legacy“, објавен во 2017 година по повод 20-годишнината од нејзината смрт. Оттогаш односите меѓу браќата се влошија, па евентуален нов проект на Хари би бил сосема поинаков од нивното тогашно заедничко појавување.

Доколку документарецот навистина биде реализиран, можно е да биде поврзан со продукциската компанија на Хари и Меган Маркл, „Archewell Productions“, и со нивниот договор со „Нетфликс“. Сепак, тоа засега се само информации за можниот правец на проектот, а не официјално потврден филм.

Дијана загина на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз, на 36-годишна возраст. Следната година ќе се навршат три децении од нејзината смрт, а токму по повод годишнината Хари сега повторно бара начин да ја раскаже приказната за својата мајка, овојпат преку сведоштвата на луѓето кои ја познавале.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation