Background

Принцот Хари и Меган Маркл во петокот го посетија Конгресниот центар во Пасадена за да им помогнат на загрозените од страшните пожари во Лос Анџелес кои избувнаа на 7 јануари

Принцот Хари и Меган Маркл во петокот го посетија Конгресниот центар во Пасадена за да им помогнат на загрозените од страшните пожари во Лос Анџелес кои избувнаа на 7 јануари.

Двојката ги утеши волонтерите и им подели храна на околу 1.200 евакуирани лица кои настрадаа во пожарот, објави Си-би-ес њуз.

Војвотката и војводата од Сасекс, кои живеат на околу 145 километри од погодената област, вчера ја посетија Светската централна кујна во Пасадена, Калифорнија, за да помогнат во дистрибуцијата на храна и на намирници за жртвите од пожарот.

- Advertisement -
Ad image

Познатата двојка донирала предмети за основни потреби, служела оброци во Светската централна кујна (World Central Kitchen) и разговарала со луѓето кои претрпеле големи загуби по избувнувањето на пожарот, а меѓу оние на кои им пружиле поддршка имало и стари лица. Меган и Хари се состанале со градоначалникот на Пасадена, Виктор Гордо, и им се заблагодарија на оние кои први реагирале, вклучително и на пожарникарите и на канцеларијата на шерифот на округот ЛА.

Подоцна, Меган Маркл и принцот Хари се сретнаа со основачот на Светската централна кујна, Хозе Андрес, за да ги пофалат тимовите за помош. Преку нивната фондација „Арчевел“, тие собраа парични донации и планираат да продолжат со хуманитарни акции.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation